го (зам.) - наш (прид.)

Ете, погледнете го нашиот комесар на четата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Телефонирај и провери го нашиот кредит. Нашиот кредит исчезна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Разбирањето на убавината, како и откривањето на Каменот на мудроста, само се прашања на еден повисок ниво на свеста. Duchamp нè повикува да ја стекнеме таа свест, свртувајќи го нашиот ум и нашите очи кон убавината што нè опкружува.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И понатаму, онаа вештина на претворањето на нижите метали во злато, може да се спореди со Duchamp-овото претворање на секојдневните предмети во уметнички дела.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не знам како се сврте Велко назад, го видело штркот оти е близу деда си си му свикало: „Дедо, дедо, опули се зад тебе, ете го нашиот штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Долго го прелистуваше школскиот дневник наслушнувајќи го нашето преместување од нога на нога.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Или навистина стануваше збор за неразјаснетите текови кои користејќи го нашето невнимание не туркаат по некој пат за кој можеме да тврдиме дека не бил некоја наша свесна определба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ти си го напишал самиот. Еве го нашиот роман, во оваа твоја тетратка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А имено, вратете ни го нашиот другар Васе, кого сте го заробиле и го држите врзан како куче.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Заборави го нашето недоразбирање. Не спаѓам меѓу злопамтилата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)