го (зам.) - жив (прид.)

- Мавајте, што зјапате, викна Кузман. Пенчо, Васко и Цветан се замешаа во битката наголемувајќи го живото и подвижно клопче.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тргувале со Цариград, Дубровник и Венеција, градејќи го најживиот и подвижен мост на западниот и источниот свет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од спротивната страна се појави Коста. Носи преграб ролни од хартија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Убаво ме замоли другарот шофер: Најди ми го Нумо Дамовски вели и доведи ми го жив или мртов, вели.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свртија круг до офицерскиот дом и полека се враќаа накај „Корзо“ слушајќи го живиот жагор на луѓето кој допираше од бистрото.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)