Новини ке додаваат врз старините, врз антиквистите, или НОВИНИ ке создаваат, црпејќи од СТАРИТЕ, затоа што тие се неуспешен извор: песните, ората, уметничките творби, литературата, историјата, православието, вклучувајќи го богатиот монашки живот, бројноста на светите – ангелски војски!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)