го (зам.) - татко (имн.)

XLIX Мајка, задоволна, слушајќи го Татко како зборува и како се враќа во животот, излезе незабележана од собата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги развлече дебелите испукани муцки, му се насмеа и проговори: тиме, токо камо го татко му да не пригледа со нешчо. Нѐ остави овде на дедот и бабата и којзнае каде оди, шо прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Чекај го татко ти да вечераме. - Не ми се јаде. Јадов кај Коце, - излага Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со здравје троши го лесно заработеното, поздрави го татко ти поп Стефо и речи му да ти удри едно четиринаесет неброени стапа за да ти дојди умот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
-Ами, бре синко - се вмеша и баба, гледајќи го татко право в очи - ќе зборве и ќе пее дечките...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Камилски слушајќи го Татко со наплив на видлива возбуда, кога тој го спомна рајот на детството, почувствува дека се дојдени неговите вистински пет минути за да изнесе прв пат на Балканот една од скриените пораки на неговата париска дисертација Придонес за студија на детето во контекстот на јаничарската судбина на децата и воопшто на народите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На нивниот осумнаесетти роденден, на кој се собраа сите роднини, една од тетките, зборлива како повеќето добродушни жени, забележувајќи го таткото како горделиво ги гледа синовите, го праша: „Кој од нив повеќе личи на тебе?“, на што сите присутни се насмеаја. „Тој“ – рече.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А ти, Стојче, оди викни го татко ти. (Стојче истрчува).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Се здржува макар што врие од лутина).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Еве го татко ти.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Еве го татко, мамо!... (Му ги опфаќа колената на Зафира. Молчење).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈЧЕ: (Дотрчува). Ете го татко, иде!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ни јас не знаев баш многу за тој феминизам, а исто така не знаев ни за сестринските односи, зашто сестра немам, па си замолчав, мислејќи дека ако продолжам на иста тема може нашето убаво расположение да се подрасипе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А бе, мани го татко ти, што знае тој за феминизмот и за сестринските врски, нека си гледа своја работа! – малку подналутено рече тетка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Прави што правиш, чести си го таткото и мајката да не добиеш некоја клетва во некој лош саат, за да тргаш мака".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Татко ѝ приоѓаше со отворени очи, во кои имаше матна неподвижност и мртвило.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Здогледувајќи го татка си во тој секојдневен амбиент, на светлината на сѐ уште неисчезнатиот ден, Наташа одеднаш инстинктивно сфати дека тоа е стварност а не „халуцинација“ и онака истоштена викна со сета сила што ѝ беше преостаната: -Татенце, татенце, што правиш?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така ти се чини - си помислив - прашај го тато да видиш што ќе ти рече.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бреза трепкаше препредено и задоволно со очите ја триеше удрената рака и со лажни солзи го обливаше лицето, прегрнувајќи го татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Таткото! Повикајте го таткото на помош! – се досетија гинеколозите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но, ќе ве молам - некогаш поздравете го татко ми...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но тогаш, во времето на гладот, кога смртта првпат тропаше на вратите на нашето семејство, гледајќи го татко ми внесен во книгите, таа се плашеше да не се случи како со хромовата руда.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се тресев од страв и еве го татко ѝ, чичко Дончо, викаше на цел глас: Ристено ма, ова девојчето ваше да видиш што направи!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Бегајте, бегајте! Оставете го татко ви да размислува!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)