Но, од наведените причини, некои голтаат ракија, вино, па и пивце (што би рекле србите ’за живце’.) Голтаат, дигајќи си го степенот на добра расположба, но и потврдувајќи го ставот дека кај нас, повеќето пијат од мака и од радост, а малкумина од сабајле.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Критика на неговото стојалиште изнесе неговиот колега од Харвард, Семјуел Хантингтон: Последниве години луѓето од Запад се тешеа себе а ги иритираа другите развивајќи го ставот дека Западната култура е и дека треба да биде култура на целиот свет.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Објаснувајќи го ставот на Делчев по прашањето на атентатите, Кипров, меѓу другото пишува: „Гоце беше симпатизер на нашите идеи, но не можеше да се отклони од општиот принцип на Организацијата и затоа секогаш ни беше во опозиција и гледаше да не ’заузда’.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)