— Не, Мишо, немој. Не плачи, не парај ми го срцето. Јас ти реку и пак ти вела оти си стоа на зборот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Скопец, скопци, решмиња, ете имаш. Чели ли сакаш за Велигден, кошула, бугасиа, ѓувезиа шо ми сакаш? Кажи, не парај ми го срцето со линџа!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Море, пушка златна да ги удре и брадва да ти ги пресече, Борисе, тие твои браќа, туку не парај ми го срцето со линџа!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Волкот ако не си ја врше работата сам — тешко нему!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако дочекаш, тогаш отвори го срцето, раскажи за нас, старите мајстори и не жали сили.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Додека течеше овој разговор солзи се слеваа низ лицето на Рада, истовремено полнејќи го срцето на злобната Ружа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ме гледаше во широко отворените очи со белки избраздени од стрнки на несоница.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја отвораш устата со претсмртен грч и јас, познавајќи те добро, читајќи ти го погледот, чувствувајќи ти го срцето, разбрав дека сакаш да ми кажеш оти меѓу животот и смртта има само едно влакно.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој мирно си лежеше во креветот слушајќи си го срцето како му чука и како спиралата на пружината на креветот вибрира како одговор на неговото срце.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
КОТЕ: Така мори, Митрејце, пушти го срцето за да ја пушти и господ полна раката во оваа куќа.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Најпрво ќе ти каже дали кај таа девојка имаш шанси или не, а потоа ќе ти објасни на кој начин да постапиш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Прашај си го срцето – ја употребив мојата нова формула – тоа сè ќе ти каже.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оставете го срцето слободно да дише и тоа ќе ви се јави.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Биди човек, малечок Леме, - Големата вода ги повтори неговите зборови, - биди човек малечок Леме и стегни го срцето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се стаписа, пребледе, дури и медалот го покри со раката, чувствувајќи си го срцето како забрзано чука.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Ајде, бре, пушти го срцето, вели Витомир, што си го закопчал толку?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)