Потоа ги втеруваа во заедничкиот гојдарник, кој се викаше Крувче и кој го облик на рамнокрак триаголник се простираше од дворниот, јужниот, ѕид на имотот Акиноски и долж источниот се протегаше сè до куќата на Ангелета Ризески, (или уште како што го викаа Анѓеле Козето) подигната, со нивна Акиноска согласност на најјужниот крај на Имотот, на самоти Јужна Порта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во тоа време, додека гојдата паселе на Зедница, Димко ги убил, а никој да не види како и кога, и никој не дозна навистина зошто, мајка си и Видана и со окрвавен стап дојде на срецело, каде што, околу војниците, имаше насобрано дечишта, кои, пак, како секогаш дотогаш, почнаа да се шегуваат со него, а тој наместо, како порано, да ја прифати шегата рече: Ги убив Видана и мајка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)