Навечер, кога сенките на дрвјата ќе се згуснеа, кога зеленилото ќе потемнеше, и проодите низ дрвјата ќе ги затвореше, тогаш логорскиот оган, силејќи се да се крене што повисоко, ги голташе сувите ветки и фрлаше светли снопови растргнувајќи го мракот што понастрана од логорот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Во длабоката шума се пробивавме распластувајќи го мракот пред нас.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Светлоста, распрснувајќи го мракот, ги разголуваше расфрлените и полегнати без ред ребра, рбети и грозно исклештени черепи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)