Секој ден, само скришно од него,
издемнувајќи го моментот кога не можат да се сретнат, го правеше истото тоа и Пискулиев.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Шишман навистина беше се сетил, но токму кога сакаше да се покаже виде како еден од четворицата офицери, користејќи го моментот, украде карта од купчето на средината па вчудоневидено ја подаде главата напред и веќе заборави како треба да рече кога ќе влезе во просторија каде што има претпоставен.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Луѓето излегуваа како од конференција: мажите веќе олабавувајќи ги вратоврските за да ги одглават штом ќе излезат и да ги испопикаат по џебовите, пред да седнат во маалската меана на вечерна партија табла, карти или домино; жените одолжувајќи го моментот кога нерадо ќе се приберат дома да ги заменат фустаните за излегување со престилки во кујните.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прифати го тоа - тоа е живот! Вчера беше вчера, а денес е денес. Немај очекувања.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Што ти стана? – скокнав и јас по неа, искористувајќи го моментот малку да се приберам од растроеноста што ми ја предизвика спомнувањето на Мартин.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Само биди тука, живеј го моментот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Леле, ако Фрањо ми се пикнал во цртежите и ако ми ги изџвакал!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)