го (зам.) - капак (имн.)

- Капакот? – рече таткото, - капакот? Хм... Тогаш, Зоки, еве ти го капакот за ручек!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Го привлече блокот со зелена хартија кон себе (Таа не му даде отпор...), го смести пред себе (Ја легна женската!...) и го отвори (Ѝ влезе меѓу нозете...) кревајќи го капакот и внимателно подвиткувајќи го да стои легнат на масата на спротивната страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
БОЖО: Оди прошетај надвор, залажи се. И затвори го капакот да нема провев.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)