го (зам.) - дете (имн.)

Дедо ми полека ѝ пријдува и ѝ шепоти: - Остави го детето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А ти, Андоне, — му се обрна на Андона, земи го детето со тебе и скоривајте и бравите. Ајде, времето врви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Побарај и од него изјава".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И прашај го, му реков на Кожинката, прашај го детето дали мајка му барем еднаш го спомнала моето име!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па потоа повикај го и тој Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Предизвикувачки нѐ гледаше и мрмореше: - Авива, Адис Абеба, Акропол, остави го детето ти велам. - Го пцуе, реков јас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Арсо излегува од своето скривалиште, покажувајќи им го детето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Даскале, пушти ми го детето да ми помогне, па после кажи му што треба да му кажеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ќе го продавам детето, вели татко, не знае да делка, вели, и не го сакам за роднина, - Не карај го детето, велат луѓето, туку неговото незнаење карај го, му велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Љупчо, ај пушти си телевизија и остави го детето раат!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе видевме некое дрвце и викавме: Ене го детето, му ја видов ногата или главата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Детето, ми го грабна детето!... Таа жена е болна!.. Одземете ѝ го детето!...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Остави го детето само нека го најде патот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија, сфаќајќи дека токму тука ќе биде оневозможена докрај да ја доведе својата замисла, го оттурна изненадениот службеник и истрча на терминалот, не испуштајќи го детето од раце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Прашајте го детето, дали сака да игра Нинтендо или да гледа цртани филмови. Сакаат и едното и другото.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не збунувајте го детето, Лев Петрович, го моли мајка ми. Немам таква намера, Љуба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Оставете го детето на мир“, рече еден човек пред нив, ненадејно вртејќи се.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Па и вие чекајте, не гибајте го детето, не е лошо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ајде, жити леб, пушти го детето,- му вели мајка ми на татко ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Подврзи го детето, додржи го кутрото, да излезе да се радува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ја користев следната прилика да пак се втурнам во музејот влечејќи го детето по мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Дедо стефан, којзнае зошто, каков што му беше табиетот, се налути и се пресегна, му ја фати раката на Екрема: - Ај не погани го детето- му рече наосилавено, а притоа вадејќи ја раката од под гуната, си ја откри поткусената пушка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И ќе го суредеше, ама, којзнае што му текна, се замеша дедо ми: - Иљо остави го детето! – му рече тој на татко ми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
— Ами, ајде закопај го детево...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не колни го детето, вели дедо, а сестра ми само гледа и трепка со очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Прави што ќе правиш, вели, не заборавај го детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Трчај, остави го детето, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Господе боже, господе боже, чекај, не земај ми го детево.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Џипот кашла и свири, а јас чинам остави го детето и пак земи го в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)