го (зам.) - грб (имн.)

Таксај му оти во Дуње ќе платиш кога ќе се вратите, та белки нема секој ден да те бијат, Позаварди го грбот и коските, оти ќе ни требат за понатака, ако сака господ — заврши Толе и стана, го остави Андона да се мисли што ќе бидат овие негови зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби ќе размениме по некоја реченица и ќе заноќиме, обрнувајќи го грбот на месечината.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Леонардо во чест на Луј XII направил лав кој 1509-та при влегувањето на кралот во Милано излегол пред него, застанал на точно одредено место и со Ehard Schon, шеми за фигури okno.mk | Margina #26-28 [1995] 186 едната шепа ги отворил градите покажувајќи го грбот со лилјани.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Тогаш, вртејќи му го грбот на Ефес по трите години минати таму, знаеше дека веќе никогаш нема да се врати.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Калуѓерот го изгледа, но небаре не го гледа, намерно не му обрна внимание на Турчинот и, вртејќи му го грбот, почна да им објаснува како оваа црква се градела уште при живот на кралот Волкашин, а ја завршил неговиот син Крале Марко, нашиот јунак и чело на рисјаните, рече, кој ни загина, господ да му ја смили душата, пред едно стотина години таму на север.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Смирен и цврст, свесен дека води тешка битка со некакви сили во себеси, дека победува, Бојан се засолни зад една карпа, за да не им пречи на орлите, се свитка врз сувата трева, потпирајќи го грбот до топлиот камен и се подготви да ја помине ноќта на Орелска Чука, со орлите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога е топло, Полин седи на чардакот, го врти лицето кон сонцето и се пече како гуштер, а кога е студено, седи во одајата крај огништето вртејќи го грбот кон пламенот, а со очите шета по цеповите на ѕидот за да види низ кои свирка ветерот за да ги затне со крпи, калчишта или со кожинче од јагне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Споулавениот и кога живее е мртов. Ние не одобруваме да го казниш со вила. Од таква смрт и крмнакот се повампирува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земи ластегарка и мавај. Исправи му го грбот. Со наш благослов ќе броиш до десет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очекував да го соопшти и она познато обвинение, до кое тој многу држи: дека никогаш не сум се соживувал со страдањата на несреќните поединци, и дека за жал не сум ја разбрал додавката: "на заслужните и кога ќе згрешат не свртувај им го грбот". (Сакам веднаш да додадам дека изгледот на Привидот при секоја нова средба е сè понестварен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)