Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе. Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Го видов, чесен збор. Со кметот и уште еден војник влегоа во училиштето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Рабинот го фати под рака својот другар од школските денови и го однесе во другата просторија. Таму сѐ беше на своето место.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)