Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Страниците го џвакаат Останатото време, постелата Е празна, доаѓаат симболи За препознавање на гладот Спуштена е бесилката Голема празна нула, главата Е пресликана во последната Глава на книгата Беспрекорната историја На пишувањето, архивата Од внимателно одгледани Самогласки станува шифра
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
На почетокот, секој што држи до своите ЕрЕнКа и ДеЕнКа покушава да најде адекватна замена за она што го џвакал од раѓање.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Или пак, ќе се скрие зад вратата и гласно ќе го џвака својот омилен оброк, трева во сендвич од луѓе.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Молитвата на Проказник не ќе ја повторам, не ја слушав и не знам кој копаше нов гроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не гледав и не бев сведок на мигот кога Симон Наконтик, сиот како зелен волшебник од мочуриште, си го џвакал брадулето и му раскажувал на долговратиот Лазар Аргиров, чиниш е на овој свет само затоа да ги проубавува грдостите, за судбината: тоа е сѐ, човекот во нејзините раце е орудие - коле и беси без совет и без знаење на својата крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Откинува ново стракче трева, го џвака и, откако устата му се наполнува плунка, ги токми усните и, како гуска што тешко голта, ја подава брадата, си го оптегнува вратот и исплукува низ заби.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Згора на тоа, Предо замислено го џвакаше секој (не само првиот) залак, испитувајќи со јазикот што каснал и барајќи одговор во погледот на Живко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој го џвакаше чаршавот, и ја подаваше раката кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„А ене го Хелмут,“ и покажа кон старецот кој лежеше неподвижно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Смртта ги повикала таму, несреќницине, никој друг“, се смее тетка ти Сијка и го џвака сак'сот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа го стави в уста, почна да го џвака и чувстуваше како од портокалот ѝ доаѓа сила.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
По малку, го плукна листот што го џвакаше.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го џвакаш лебот, а ко слама да џвакаш. Мора да чпараш, душа да вртиш. А не е еднаш и двапати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сака нешто да каже, ќе ја подотвори устата, ќе подзине и пак ќе продолжи да го џвака листот. Прежива.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)