„Ама ако ја извлечам покусата?“ Страшно го штрекна главата, а нозете почнаа да му се тресат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во паметта го штрекнаа зборовите што му ги рече таткото на умирање: „Проклетија ти оставам, Аргире“, му рече тој тогаш, “не пуштај никого лесно на скелето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој го стави фенерот до главата на Арсо и поднаведнат, претпазливо, како да се плашеше да не го штрекне во сонот, одвај го допре со рака.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но конецот го стегна за шијата и го штрекна изненадено.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Неоти ако не тегниш ќе ја остават агите главата?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јована го штрекна бодеж в срце и си помисли.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Нешто го штрекна дури в срце: внатре, на самата средина, беше изложена сликата на Лила.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)