го (зам.) - штити (гл.)

Тие го штитат читателот од шокот на виртуелниот трансфер.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Фонтовите немаат тела. Тие го ублажуваат чинот на читање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Толе се окуражи од случките, та и сам беше убеден дека куршум не го фаќа, бидејќи го штити амајлијата што му ја направи посестрима му Цвета од Дуње, и слободно почна да се движи по Старо Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во секој случај, пред да ја реши таа дилема, Баге посегна по трненките и тогаш откри дека тие му се достапни само затоа што трновите го штителе од непријателите однадвор а не и од непријателите однатре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Излезе од тремот, го зеде снопот ’ржаница и одејќи покрај ѕидот од колибата кој го штитеше од грб, го постави снопот исправен во снегот, меѓу плевната и колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ваквата новација значеше бришење на дотогашната законска забрана за полова дискриминација во делот на остварувањето на правото на работа каде се нормираше дека и жените и мажите можат да бараат од работодавачот продолжување на договорот за вработување до навршување на 65 години старост; в) Кај прописите за заштита при работата беа воведени две нови обврски за работникот и тоа: ● со измената на чл. 32, освен дотогашната обврска на работникот да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, како и да го штити неговиот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица, беше воведена нова обврска, која нормира дека обврска на секој работник е да постапува согласно обуките и „инструкциите“ кои му се дадени од работодавачот, да биде запознаен со мерките за безбедност и здравје при работа и да биде обучен за нивна примена.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За да можеме да ја подобриме позицијата на работничката класа и аналогно на тоа да обезбедиме носење на позитивно - правни прописи кои ќе го штитат работникот, мора да создадеме клима во која законите кои му даваат привилегија на трудот ќе бидат почитувани!
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Така, во последно време се почесто ми се наметнува констатацијата дека нашиот културен идентитет го штитат ВОЛОНТЕРИ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Суштинската добрина го штити Френк од каква било сериозна повреда: Манхоговата природна злоба понекогаш успева да нанесе зло, но најчесто е автодеструктивна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По смртта на сликарот Столпник, во неговата куќа луѓето ја најдоа последната негова слика: неколку муренкови стебла излезени заедно од земјата од еден ист корен, од едно исто 'ртиште и плодиште; додека излегувале од земјта, си давале сила едно на друго, си помагале, а потоа секое на својата судбина се препуштало: едното: напинајќи и грабајќи ја лакомо височината, се истенчило, се искривило, како змија фатена за опашка; гранките му откажале во овој тежок напор да го следат, и тоа, полека, болно, се превиткува надолу и тоне со главата кон земјата; под вратот има заглавено висока потпирачка со чатал што не му дава да се скрши и струполи на земјата; но сето тоа е така болно и тажно штом тоа самото не може без потпирачка да се додржи; другото: робувајќи им уште од излегувањето од земјата на многуте фиданки што лакомо наудриле од него како човек со многу пород, и грижејќи се за нив да порастат, да се здебелат и рашират, постепено станало нивна жртва; тие, не мислејќи на него, се туркаат меѓу себе, грабаат од просторот, се надвишуваат меѓу себе, не водејќи сметка дека еден ден од тежина или од силен ветар, ќе се струполат заедно со тоа мајчинско стебло што им дало живот и повеќе никогаш не ќе кренат глава: ќе умираат постепено и ќе се сушат на урнатиот стеблак; трето: или по сој или така му бил благословот: кога му дошло време за плодење како господ да му се распашал: преполно е и се крши од плодови; капи благ сок од муренките како на доилка кога ќе ѝ надојде млекото; пониските гранки од тежина се спуштаат до земјата и се потпираат да си го намалат бремето; четврто: уште од раѓањето анемично - и до крајот на животот анемично; што можеле другите да му помогнат, му помогнале долу под земјата во времето на 'ртењето и пуштањето на корења; а згора: секое со својата среќа и судбина живее, како птиците кога ќе пркнат и ќе го напуштат седелото; околу него има мала оградичка од штички што го штити да не се чеша стоката од него или да го гризе; кога еден ден ќе се исуши, ќе остане така заградено со штичките како споменик: ако од него избијат нови фиданки, тоа ќе бидат посмртчиња кои одново ќе започнат борба за живот; петто: препуштено е на судбината и на бога: здраво-прездраво е родено, пркнато над земјата, а веќе едната половина му се суши; стои како човек парализиран на кого само едната половина му е подвижна; прави напор да расте и да ја влече со себе и другата половина што му стои како мртовец врзан за плеќи; најтешко му било првите години додека свикнало на тој напор и на тоа проклетство а сега просто ѝ е препуштено на судбината; она шестото, седмото, осмото, што откако излегле од земјата, помислиле дека сè можат и сè е нивно, живеат двоен живот; двојна среќа имаат: на едни сè им е едно во кој правец ќе се развиваат: нагоре, надолу или настрана; не размислуваат ни како да ја оформат својата крошна за подобро да се заштитат од ветриштата и снеговите; не се грижат и не размислуваат дали некој пред смртта ќе им стави потпирачка под мишките или вратот за да не се струполат притиснати од својата негрижа, или дали по својата смрт ќе остават потомство; се шират и живеат како што милуваат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа е сè што може човек да забележи гледајќи ги стеблата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога Фројд зборува за цепење на сексуалниот објект кај многумина, извесно е дека станува збор за “аранжман” со психичката сексуалност, во лоша смисла на зборот, којшто го штити Егото од опасноста на разградување на објектните односи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како прозрачниот оклоп на стаклата да го штитеше од сите тие слабости.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Секој чекор на Арафат беше следен од невидливи тајни сили кои беа навлезени дури и меѓу самиот раиз, во неговиот дом, во неговото опкружување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го следеше смртта на секој чекор. Неколкупати речиси митски ја избегнуваше. Веруваше дека го штитат таинствени сили. Беше постојано во својот транс.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не давај им се, шепнал Питу Гули. Бегај, Лебед. Коњот останал над него да го штити во врелината на надземниот вршник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гледа измени на неа: ѕидовите малтерисани, вратите и прозорците заменети, ставени нови, оградата на чардакот обновена со нови плотици, над чардакот испуштена подолга стреа за да го штити од дожд; старите турски керамиди заменети со нови, френски; дворот заграден со висока камена ограда со голема порта за да може да влезе кола со сено; стрчи висока крошна на јаболкница во дворот која порано не беше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога го пресоблекоа Илка, по кожата на телото му забележија истетовирани разни фигури: лав - за да го штити од зло; птица - за да го пази од загубување; змија - за да го брани од болести; четирилисна детелина - за среќа; сонце - за долг живот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го притисна Карл до градите, како волчица што го штити својот пород од посилни од неа...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Над самото огниште на гредите наредени се штици кои го прават таканаречениот „черен“, од кој се одбиваат искрите и го штитат покривачот да не се запали, доколку е од слама или од 'ржање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Додека пристапот на Чебренскиот Мост го штитеше тесниот пат и непристапните карпи, оној на Светецот беше незаштитен од природата, та требаше на вештачки начин да се бара и создава заштита, макар и по цената на човечки животи. И ја најдоа бунтовниците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во нејзиниот ракопис, според моделите на францускиот краснопис, кој со векови се учи во училиштата во Франција, се криеше времето на учењето кај лазаристите, во Солун, се криеја новите настани, кога Мајка го штитеше својот ракопис во долгите периоди на нешколување, соочена со големото семејно бреме, да нѐ одгледа, да нѐ исчува, да нѐ спасува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ѓорѓија со светецот кој со копје вперено кон ламјата, го штити селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јагулче си помисли дека некој од Републиката го штити Цветана Горски, па не е негово да копа кај што не треба. А најмалку во вода.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дедо ми велеше дека не спие на бостанот за да го штити од ноќните посетители туку за да го слуша пукањето на лубениците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А јас не ја испуштав од погледот Јана. Следев како ја заобиколува мермерната плоча што ја нагрдуваше позлатен натпис и како си го штити лицето од поткршените багремови гранки што веројатно ќе му бидат единствената сенка на мртвиот поет во летните горештини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога ги избегна опасностите од гранките, неколкупати, како да бара цврсто парче земја, Јана потскокнуваше од облак на облак по своето високо небо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нашите врски со „Хосака” личеа на специјализирани станици кои го штитат родителскиот организам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)