Сестрата го чука по образи, го буди да не им пречи на другите и го успокојува.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
13. ЗАМИНУВАЊЕТО Е ЖАЛОСТ, ДОАЃАЊЕТО Е РАДОСТ - го знае тоа младичот кому здравјето му пука: часовникот во слепоокото на неговата младост полноќното дванаесет со изгрејсонце го чука...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
МИТРЕ: (бришејќи си ги очите). Ашколсум бре, синко, ако биде вака како што велиш, сево село ќе ни завидува. (Го чука по рамото).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
(Го вади ќесето и го чука). Тропа ли ова- млад си. А на Никола му тропа!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Секој таму се наведнувал каде што му ветувале, а никако да мрдне со својата мозговница, да се чукне по чело, по теме, а секогаш дозволувал дрчги да го чукаат по теме...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)