Тој додека му ги читаше книгите за козите и го учеше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Сврти ја казмата“, рече пак оној што го учеше Јована, „со шилестото удри.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Друго“, рече, „ние таму многупати зборуваме како да се направи и што да се направи, Маказар да се прогласи за туристичко место, за здраво место, та тука лете да идат првин децата на нашите и, во една школа, да го учат нашиот убав јазик“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Навистина, убаво е, велеа домаќините, нашите деца да научат француски и да го учат сето она што се предава во овие училишта, но сметаме дека ќе треба да настојуваме да не го заборават својот мајчин јазик.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Би сакал да бидам вистински поет како Радован Павловски но за тоа немам ниту талент, ниту мадиња. Тукушто започнав со љубов да го учам и јазичам македонскиот, во работна маса да си ги претворам потпиралките под лактите, без песнарка да не букварам ниту со правниците. Терасата си ја обоив во белосино за да го збунам небото кое невино наседна и кактусно заофка.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Она што Борис го учи не е само аритметика; тој ја учи и таа основна агонија.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во меѓувреме, накратко го учев занаетот на американскиот филм.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сметате ли дека тоа е 132 Margina #22 [1995] | okno.mk чудно?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Пишуваше поинтересно и повеќе од она што го учевме в училиште.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Кате ги наведе очите, бидејќи Адем така го учеше и му забрануваше да им гледа на гостите во суратите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Првин, уште пред да оди во Цариград, пишувал на латиничната абецеда, од лево на десно, па, потоа, го учел османското, арапското писмо.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тие го учат Американецот со што да го нахрани своето тело.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Единствена реклама која се однесува на не-телесната сфера на животот на Американецот е онаа што го учи како најевтино и најефикасно да телефонира!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Купив еден огромен Вебстер речник и во текот на зимите, во вагонот го учев јазикот...
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Ох, да, тоа е благослов. За оној што учи, шлаканицата е добра, таа го присилува да мисли на она што го учи.“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Прекрсти се на сите четири страни, заинтересирано го учеше Баждар од автомобилот и ја цицаше влажната цигара.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се сеќаваш ли кога…,” и почна да раскажува како го учевме доктор Гете да плете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Надвор се смрачуваше. Отидовме во мојата соба, и долго разговаравме, а Клара постојано речениците ги почнуваше со “Се сеќаваш ли…?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога во Листра излекував многумина и го учев многубројниот народ да го возљубува името Негово, неколкумина пристигнаа од Антиохија и од Иконија и подбуцнувајќи го народот против мене, успеаја да ги натераат, наместо со восхит, на мене да гледаат со презир, наместо да ме љубат, силно да ме намразат во срцата свои, та така, заслепени од омразата и од бесот свои, ги заборавија храната и даровите што ми ги носеа и почнаа да фрлаат камења врз мене, за таков, скоро мртов, да ме исфрлат од градот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега лежел на десетина чекори од нив, без свој човек над глава, вдовец но со три снаи и десетина внучиња, сам, под дрипава гуња, мудро насмевнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но луѓето сепак почнаа да го учат и да си го тренираат јазикот, додека да го навикнат на вистината.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сите толку многу свикнаа да зборуваат наопаку, а не наопаку не свикнаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Н.Н.2, познат спортски работник, јас го учев како СЕ ДРОБИ ЖЕНА!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Или, можеби Бог и посочил кои билки за што служат, во луѓето оттогаш досега заборавиле па сега одново мораат да го учат она што некогаш го знаеле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати, што ми 'и кањариш ти мене - си велел сам со себе Силјан - дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи имат в град ладни меани да седам и ќев да терам со граѓаните.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Дури го учел Божин Силјана сина си, сѐ се пулел во гредите и во ѕидојте, чунки како крв му се глеаше татко му пред очите коа го учеше.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Набљудувавме како двегодишно дете учи да зборува и дадовме теорија за тоа како шемите на детето можат да ја репрезентираат неговата способност да го учи јазикот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Климент Камилски добро знаеше дека влегуваа во Татковата приоритетна зона на знаењето и затоа го остави Татко да продолжи: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата држава, го учат само својот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се укажува и на балканското национал- лингвистичко слепило, кое не гледа дека: Балканците, поттикнати од пропагандата на новата Држава, го учат само нивниот национален јазик на училиште, но го игнорираат јазикот на малцинството крај нив и соседните народи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски ги забележа поопштите заемки како: занает (на арапски sanat); чирак, помлад помошник на мајсторот, обично го учи занаетот (од турски irak), калфа, прв помошник на мајсторот (од арапски kalfa); калфабаша, главен, најстар калфа (од турски ustaba); еснаф, здружение на занаетчии од иста струка (од арапски esnaf).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И оваа заемка Камилски ја внесе во својот жолт нотес заедно со зборот чаршија (од персиски аri) за поопстојно разгледување со Татко, сметајќи ги за посебно значајни, но и со меѓузависно значење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се случи играчот кого требаше да го учат покер да им ги собере како победник сите гравчиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во отсуство на стандардизиран јазик, секој си го употребувал својот регионален дијалект и го учел дијалектот на соседот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
На жителот на Океанија не му е дозволено да знае ништо од основните поставки на другите две филозофии, но затоа го учат да се згадува над нив како над варварска навреда на моралот и здравиот разум.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога ќе завршиме со тоа, луѓето како тебе ќе мораат одново да го учат целиот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше ли и тој усамен, или само божјата промисла го учеше?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Миклош не ја знаеше приказната на Бошко, но иако тој не се правеше на нетокму, речиси преку ноќ побеле: тој засега се движеше слободно, склучуваше непречено пријателства низ градот, почнуваше да го учи новиот говор, но, слично на приказните од илјада и една ноќ, знаеше дека додека саатот не се намести и проработи, животот му е нему сигурен, сите ќе го пазат и сите ќе го чуваат, а после ќе биде она што е - роб за продавање.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имаше притоа Мехмед паша постојано при себе и еден стар ферман со султански оловен печат стасан до дедо му, славниот Исхак-бег, кога овој стана заповедник на Скопје: ферманот беше пишуван со рака и зелено мастило, а дојде во футрола од ѓон, со сребрени скопци, и залепена со восок: не само што постојано го препрочитуваше тој ферман, туку и го учеше на памет.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа биваше само ајак-ајак, не на вјасана. Нели така го учеше татко му Бајко?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
НАДЕЖТА: Дали ти судбино, душману на човечкиот род, го оспоруваш моето постоење и дали оспоруваш дека кога човекот го крои животот – го учи моето кроење?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Така него го воспитуваа десет години, и тој си достоја на дадениот збор во конакот на прилепскиот кадија пред самиот себе дека се ќе слуша што ќе го учат и ќе прави што ќе го тераат, само и само да остане голем човек-кадија, баш на местото на оној што го плени.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Оти продолжувавме со Ефтим ноќите да ги поминуваме во чуварската барака на татко му заменувајќи го бај Кољо и сѐ повеќе уловувајќи се како го учиме материјалот од четвртиот клас, а не од петтиот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
— Mope ами — продолжи Велика Мидова — дека ќе го учи тики ја го ја, утре ќатип ќе седне на конакот!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како и да било, зборот „перзистенс“ американското дете го учи уште пред да гукне „мама“, „тато„ или „кока-кола“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Се мразам себеси што верувам на луѓето се мразам што уште ми е тенок буџетот се мразам што џабе го учев факултетот и сеуште не се пронајдов во светот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Стратегијата на неговиот егзил го учеше постојано да го избегнува враќањето на почетното, на претходното место, секогаш одеше во правецот на антивраќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Многу години подоцна, во основното училиште, кога прв пат го учев францускиот јазик, Мајка ни го откри знаењето на овој јазик, кога требаше да направиме некој мал состав на француски јазик или да одговориме на прашањата од француската граматика.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја избричи брадичката, на капата си соши петокрака ѕвезда и сега го учи македонскиот јазик.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дури го учел Божин Силјана сина си, се пулел во гредите и во ѕидовите, чунки како крв му се гледаше татко му пред очите кога го учеше.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
На плажата влегува заедно со другите деца и раководителот го учи да плива.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Кога ќе видев дека е убаво напасен, го одвојував од овчињата и го учев да се буцка со роговите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
При крајот на втората година почна да го учи да се довикуваат.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
АРАПОТ: (На излегување) Фафљуктен сармусаклин јунама беч. (Излегуваат)
БОРИС: Јас го учев два месеца, овој еднаш го чу, го запамети.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Од горе па надолу - го учеа - само еден е умен и само тој еден да мисли, а тој само да извршува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За разлика од мене која што посетував часови по француски јазик во Алиансата Ангела го учеше францускиот јазик во Католичкиот Институт.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Татко ми ме советуваше да бидам вредна и да го учам јазикот. Потоа се надоврзуваше мојата сестра.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Иако во мојата земја неколку години предходно интензивно го учев фрнцуски јазик, сега кога бев во Франција, уште со првите контакти со Французите кои толку многу зборуваа без здив да земат, а згора на сето тоа и многу брзо зборуваа, бев на чисто дека имам уште многу да работам за да го научам јазикот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Та додека го учевме овој тропар, на вратата од даскалницата неочекувано се покажа стрико Герман Динев и рече со насмевка раширена од уво до уво: - Камбаната дојде!
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Го читавме и го учевме тропарот за светите браќа Кирил и Методиј.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тој, кога беше дете, татко му се обиде да го учи и го испрати во Битола.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој таму, тој што го зеде, ти бил фурнаџија и го зел тој Дракчета таму ем да го гледа ем да го учел за фурнаџија...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Вечерта, додека вечераа под слабата светлина во одајчето Чана прво го искара Дончо дека иако има сила и снага на големо дете, не треба да заборава дека е во седмата и дека оваа есен ќе треба, заедно со Пела на Пелагија, да појдат на школо и таму, седејќи на кареклите, да го учат животот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)