го (зам.) - управува (гл.)

Мајката го крева погледот и го управува само за миг на уметникот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Како по команда, рибарите ги поотпуштија веслата, погледите им се приковаа на колјата - дименџијата сосема го крена веслото - чунот подзапре, го измени правецот, него никој не го управуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Случајно го отварав профилот на татко ми на Facebook, зошто тој ме натера да го поучам како да си го управува и тука ме најде Змејко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Она што сугерира е дека постои корисно ниво на дескрипција за многу аспекти на менталниот живот како некој вид на функционирање на компјутер - процесирање смисловни симболни форми при што правилата кои го управуваат интерното поведение на системот се и самите изразени преку тие форми.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Методиј (825-885) по завршувањето на военото училиште бил испратен од страна на Византија да го управува делот од Македонија кој ја опфаќал областа меѓу Струмица и р. Брегалница (845).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Упорно се држам за кормилото, се трудам да го управувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Секој си има еден вселенски знак, еден зодијак. И тој го управува него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Момчето диригира. Иако се чини, звуците го управуваат него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби и ваквите мои размисли ме одведоа под камарата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем зарем е лага дека секој наш чекор го управува навиката?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А откога ќе го осознае, ќе научи, ќе знае како да го управува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На отворањето од вратата Луков отскокнува и го управува револверот кон вратата. Методи застанува.) Сам ли си?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во истиот момент го согледува револверот од Фезлиев врз масата. Се стрчува и го зема. Го управува во Фезлиев.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Една рака сме кренале над веѓите и, по навика, со дланката над очите правиме сеница. Го управуваме погледот пругоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)