го (зам.) - упатува (гл.)

Ова, според зборовите на пијанистот Џон Тилбјури, “го упатува изведувачот кон описот на звукот кој треба да се чуе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овие композиции можат да се изедначуваат во сите бројни комбинации и редоследи на настап. 176 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Во Концерт за клавир и оркестар (1957-58) повторно се вкрстуваат многубројните разновидни Кејџови искуства со намера да се концентрираат екстремните спротивности какви што нема во природата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Организацијата на времето е спроведена просторно така што низ единица простор (2 инча=1 сек.) се добиваат инаку недостапни траења како 4/7 плус 2/3 плус 1/5 шеснаестина нота во секунда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој не сакаше својот пријател да го упатува во најновите настани во врска со сиџилите, да му зборува за нивното објавување, а и за своето оддалечување од нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Знам дека ваков апел на својата окупирана јавност треба да упатат сите независни интелектуалци на сите завојувани и сѐ уште незавојувани страни, но јас го упатувам во свое име.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Низ серија цртежи ги исмејува скороевците и новите богаташи. 1917 го упатуваат на нервна клиника бидејќи на воениот суд му се заканува смртна пресуда.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Х.Х., не престануваше да гледа на својот часовник и да ми го упатува заканувачкиот поглед.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се обидувам да го избегнам погледот кој го упатува А.А. кон мене, а потоа како по наредба и К.К.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но сега е четврток, ова е станицата Шемен Вер, надвор се спушта вечерта, треба нешто да се смисли, можеби дури и не делува премногу неверојатно тоа што во другиот воз, тоа што во четвртиот вагон, тоа што Мари-Клод е на седиштето крај прозорецот, тоа што и самата здогледа и што се исправа испуштајќи крик кој 64 никој освен мене не може да го чуе така среде лице, среде таа трка за да скокнам во преполнетиот воз буткајќи ги патниците што негодуваат, шепотејќи ги извинувањата кои ниту некој ги очекува ниту ги прима, стоејќи наспроти двојната клупа заземена од нозе и чадор и пакети, која ја зазема Мари-Клод со својот сив капут покрај прозорецот, црниот прамен при наглото тргнување н возот малку се затресува како што се тресат и нејзините раце иако се ставени врз бедрата додека го упатуваат тој повик што нема име, кој е само тоа што токму ќе се случи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Всушност, таа го собира и го упатува на самиот себе само доколку го отвора за тоа придвижување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само додека го хранеше своето мало срнче, или додека го упатуваше во некое ново откривање по неговиот свет, тој забораваше на сѐ друго и ѝ загубуваше за некое време дира и на таа своја тага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш, во далечното детство, како што му се чинело на Лозан Перуника, неговиот дедо со благо лице на старински јунак го завиткувал во својот дебел и секогаш чист кожув, го држел на скут и го упатувал в живот преку прикаски во кои победувала храброста и чесноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седумте кадрави трубачи од Откровението на Новиот завет ѝ се кикотеле на земната беда скриени зад прв тежок и вистински пролетен облак што ветувал плисок од кој ќе се избатачи патот за утрешните маки на дваесет и деветмината или еден повеќе со дваесет двоколки и четириесет воденички камења до тој ден веќе прескапо платени...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш разбрав дека тоа всушност беше прашањето на претседателот Ширак, што ѝ го упатуваше на Република Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А самобендисаните во Венеција не ги интересира, на пример, како се чуваат спомените на Вивалди, тие си мислат дека Ла Фениче е обновена од пожарот за да има каде навечер да си чепкаат во носовите и да си ги негуваат навиките од детството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со менување или додавање кон знаците и симболите на корпоративното само-претставување, овие субвертајзери (subvertisers) сакаат да понудат пореално читање на рекламните пораки.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Вешто преработениот билборд... го упатува гледачот да размисли за првичната корпоративна стратегија“131, посочува член на бендот Negativland од Сан Франциско, кој прв го измисли изразот „културно попречување“ во 1984 година.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Немам право?“ му се насмеа на келнерот, а не беше сигурен зошто токму нему му го упатува ова прашање.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Конечно, во декември 2006, судскиот совет (во состав: м-р Љ. Неделковски – претседател, П. Попоски и С. Спасеноска – членови), носи пресуда со која ги одби сите поднесени жалби на работодавачот и на поранешните работници како неосновани, и ја потврди исправноста на првостепената пресуда, која во јануари 2007 стана правосилна и извршна.6
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После изрекувањето на конечната и мериторна одлука на Апелациониот суд, со која на работодавачот му се наложи да ги подмири сите обврски кон Костадиновска, и тоа во рок од осум дена, тој повторно ја игнорираше оваа обврска и пак не ја исплати оваа сума. Затоа, адвокатот на Костадиновска го упатува предметот до извршител (М. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш по приемот на писмено изработената пресуда, работодавачот – незадоволен од истата, преку својот адвокат (Т.Неделков) – поведе второстепена жалбена постапка, но исто така жалби поднесоа и тужителите незадоволни од одмерените трошоци – па предметот беше препратен до Апелациониот суд Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
XIX Како што наближуваше учебната година со која Богуле требаше да го заврши училиштето, така Мил сѐ повеќе го задржуваше Богулета кај себе во лабораторијата, не оставајќи го многу да се шета со другарите, да го губи попусто времето, туку му даваше нешто да работи во лабораторијата, да го упатува постепено во науката, објаснувајќи му по нешто што е достапно и разбирливо за Богуле, да му ја потпалува фантазијата и желбата за наука.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)