Погледот го упати кон другиот брег на реката, кон извишената тврдина, кон која често со Татко гледаа во мигови кога им запираше муабетот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Погледот го упати кон тврдината Кале, размислуваше неколку мига и потем со извишен, патетичен глас му се обрати на Татко: Понекогаш мислам дека ние го губиме краткото време што ни останува до крајот на нашите животи...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски внесен слушаше. Првин ја стави Книгата за воспитувањето во својата излитена професорска чанта во првата преграда која ја затвори со металното синџирче, а потоа слушајќи го внимателно Татко, погледот го упати врз неколкуте отворени книги и списи за лавиринтите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како јаготка на шлагот му стоеше благо извртената беретка на главата која му даваше своевидна мистичност на и така длабокиот поглед кој ми го упати во дијагонала од околу пет – шест метри.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Вресна колку што ја држи гласот. Ненадејниот пискот ги натера околните шетачи да го упатат погледот кон клупата под зелениката, каде што карпа маж беше наведнат над една беспомошна жена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Потем погледот го упатив кон мамутските пароли на блиската вишинка и кон мозаикот на Сталин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Албер Ками, распнат во свеста помеѓу светлината и нејзината опачина – темнината, ќе го упатеше погледот кон небото со повикот: „О, небо, отвори се!“
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И каде сега да го води својот народ, каде да го упати...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но веднаш го упати втренчениот поглед кон Сандри.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сликарот се лутеше што татко му нема разбирање за тоа, но Столпника го засака толку што постојано идеше или го викаше дома да му помогне, да го упати во сликањето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сфаќајќи ја и самиот необичноста на исповедта што требаше да го вклучи и Даскалов во карактеристиките на играва, помислив дека е потребно да го упатам и во некои други поединости.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Трифун внимателно ја допре за раката Чана, надевајќи се дека таа ќе го упати на вистинското место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сигурно, кога тие се несреќни, навредени од прагот на многу куќи, негостољубиво дочекани, о боже, такви тие знаат што да испеат, да ја овековечат болката на човекот, знаат што да му кажат, каде да го упатат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Прв Чанга го крена погледот и го упати кон сликата на која козата го дои лавчето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И двајцата, на кои им го упатив моето објаснување, ништо не возразија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мајка, во мигот, ништо не рече, но во погледот што ми го упати беше кажано сѐ.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Грдите жени, пак, за да го надоместат тоа, настојуваат да ја разубават внатрешноста своја, душата; го негуваат секој збор пред да го изговорат; размислуваат за секое движење што ќе го направат, за секој поглед што ќе го упатат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)