го (зам.) - уништува (гл.)

Умот што уште малку остал чист и го имаме, го перат, го уништуваат, а ние седејќи така, сѐ уште се надеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ние не го уништуваме еретикот затоа што ни дава отпор: сѐ додека ни дава отпор, ние никогаш не го уништуваме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа го уништуваше, а за мене значеше столб кој години наназад ме правеше да се чувствувам човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Што би помислил Бил ако го најде тука како го уништува совршено изѕиданиот ѕид што би морале повторно да го ѕидаат?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вие го барате спасот за човекот во мудроста на оној што го уништува токму човекот!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го бараат обликот што најмногу им одговара, па во текот на животот, едни го подисправаат и дотеруваат, други го уништуваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми го уништува вкусот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Деструкциската уметност ги претставува односите меѓу болката и замислувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Болката не му се спротивставува едноставно на јазикот“, таа „активно го уништува, преведувајќи го во состојба кога криците и звуците на човечките суштества постоеле пред јазикот“.8 Оно 1962 г. ја напишала Conversation Piece, драмата за акција којашто е нарација на болката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Животот во лудило - грешка или промашен влог на природата и на Бог.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога мама го раскинуваше неговиот лик, почувствував дека не ми го уништува само единствениот опиплив спомен од него, и не само единственото нешто преку кое се потсетував на неговиот лик, па оттогаш натаму неговата коса, неговите очи, неговиот лик, беа само нејасно сеќавање; јас во тој миг почувствував дека таа со тоа раскинување го уништуваше и она ветување дека разделбата не е вечна. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што само еднаш го добива човечкото суштество - животот – го уништува со лудилото и покрај тоа што го живее, бидејќи го живее без резултат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Примерите вклучуваат пролиферација на надворешното рекламирање кое го уништува изгледот на природните и историските урбани пејсажи, комерцијални настани кои го ограничуваат пристапот до парковите и плоштадите, дизајнот на малопродажните киосци и излози во и околу јавните простори кои не го почитуваат локалниот контекст (со тоа праќајќи сигнал дека тој веќе не ја претставува локалната заедница).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во оваа посткомунистичка верзија на екстазата на комуникација, јавниот простор сѐ повеќе исчезнува пред налетот на семоќното рекламирање.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)