Ја оставам да прави што ќе прави и еве сум на вратата од големата свечена сала на Парламентот чие душеме го украсуваат мозаици, ѕидовите огледала и слики од нашите стари мајстори, а тука се и двете колонади мермерни каријатиди.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ова треба на секој начин да се одбегнува, затоа што ништо не ја нарушува толку власта како што тоа го чини некоја истакната или забележлива за сите гнасотија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ќе дише изнемоштено уште малку
сѐ додека го украсуваме, бодликав и зимзелен.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Иако по улицата минуваа пајтони, чези и по некој автомобил, отсекаде доаѓаа цветни мириси, се допираа, вмешуваа, ширеа, опиваа и продолжуваа, а појот на птиците ги следеше и го украсуваше тоа славје на природата кое насекаде силно тропотеше – славјето на пролетта.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Зарем не е чудо на природата да се доживее стодваесеттата година а притоа да не се падне во агонија, да не се доближи од стравот на смртта во ниеден момент и да не се откаже од работата: единственото нешто кое човекот го украсува и одржува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Чистото лице не го украсува само градоначалникот, но и секој човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)