Судот ќе го уважи тоа и нема да им дозволи да го делат имотот, туку сè ќе му остане на Скрче.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кон ова барање подносителот доставува и копија од барањето за работна дозвола, а директорот е должен да донесе решение, со кое го уважува или одбива барањето, во рок од пет работни дена од неговиот прием.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Судската постапка траеше безмалку година и пол, од мај 1996 до септември 1997, и за време на парницата се одржа само едно единствено рочиште4 на коешто немаше ниеден претставник т.е. застапник или полномошник од АД „Млекарница“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во септември 1997 советот, претседаван од судијката Л. Додевска, постапувајќи во оваа правна работа, а во отсуство на тужената странка којашто манифестираше огромна процесна недисциплина – донесе позитивна пресуда поради изостанок5 со која го уважи тужбеното барање на тужителката Ангелеска и тужениот работодавач беше задолжен да и плати износ од 76.000 МКД (1.245 ЕУР) на име надомест за испратнина, сосе законска затезна камата; како и 23.309 МКД (380 ЕУР) на име пет неисплатени плати, за периодот од август до декември 1996 – а сето ова во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Велешкиот суд (преку судијката В. Анастасова и В.Стојановски), во септември 1999, донесе пресуда врз основа на признание, со кое го уважи тужбеното барање на тужителките, бидејќи полномошникот на тужениот (Р.Жарова) истото во целост го призна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во јуни 2010, после одржани вкупно шест рочишта, истата судијка ја донесе и објави пресудата со која го уважи и ова тужбено барање и го задолжи туженото претпријатие да го исплати главното побарување на Н.Н., кое беше во вкупна вредност од 460.811 МКД (7.555 ЕУР) и тоа 346.983 МКД за неисплатени плати и 113.828 МКД за неуплатени придонеси кон ФПИОМ, зголемено за законската казнена камата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Некои од вработените во претпријатието што покренале судски спор се вклучиле во колективна тужба, но В.И. – во јуни 2003 – решава да покрене индивидуална тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како нејзин договорен застапник се јавува правник од ССМ (Д.Михајловска) – која е овластена како нејзин полномошник во парницата, за што таа и е крајно благодарна.2 Самиот судски спор не траеше воопшто долго и, дури и невообичаено за нашата судска практика, сѐ се заврши само на едно рочиште за главна расправа кое се одржа кон крајот на октомври 244 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судијката (М.Панговска), по добиената писмена изјава за признание – поднесена во јули 2003 – од страна на директорот на туженото претпријатие, донесе пресуда врз основа на признание со којашто во целост го уважи нејзиното тужбено барање и го задолжи тужениот да и исплати:3 а) на име неисплатени плати – сума од 116.917 МКД (1.900 ЕУР); и б) на име неисплатени придонеси за пензиско и инвалидско оси- гурување да уплати во ФПИОМ – сума од 74.523 МКД (1.220 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дури и претседателот на новоформираната независна синдикална организација беше избркан од работа – по што тој тужеше и, нормално, го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Охрабрена од ова барање правда преку суд Б.А., заедно со уште осум нејзини колешки, се одлучуваат да покренат судска постапка пред надлежниот Основен суд Велес и да си ги бараат неисплате- ните 20 плати [од мај 1995, до декември 1996] и 55 придонеси во ФПИОМ [од јуни 1994, до декември 1998].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во одговорот на тужбата, полномошникот на „Водостопанство во стечај“ наведе дека тужбата е преуранета и дека овие свои побарувања требало да ги пријават во ликвидационата постапка, која сѐ уште трае.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)