Тоа беше трогателно. Тој порив во него го туркаше да презема дела. А за пари и проценти, не.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Му ги пикам градиве во муцка и го туркам да запре. Ќукш, прустинско! Ќукш! Запира.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ќе го турка Арслана од мудурскиот стол за да го намести Тренков или некој друг.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— И почна да го турка низ тунел, помогнуван од Андона.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од црквеното кале го дочека Расимчауш со педесет мамзери, а Толе го фати калето од Врвцовци и ја заврза борбата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Жената поблиску му го турка послужавникот. - Земи си добро, домашно е...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ги проверив личните податоци на затвореникот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Внимателно ги разгледав документите и извештаите на иследникот Кожинката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сигурно и тој се сомнева, особено сега, откако се наоѓа в затвор, дека некој друг од личен интерес го туркал во овој правец".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Така, кампањите за малцинските права упорно го туркаат идентитетот (кои сме ние) пред субјективитетот (како се чувствуваме) и нагласуваат нешта како што се општествената еднаквост, придобиките од разновидноста, задоволствата на различноста, етиката на мирниот соживот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Зарем тоа не е она најстрашното,“ рече Клара, „бидејќи она Јас кое едвај трепери, најболно посакува да биде сакано; нешто во оној чие Јас е растргнато знае, дури и кога не сака да признае, дека само љубовта може да го сочува неговото Јас, а стравот од љубовта е секогаш посилен од оваа свесност, и го турка сознанието во заборав, или го победува со уште поголем страв.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Во лудилото љубов може да се јави само кон измислена, измечтаена личност; љубовта кон вистинска личност, а тоа значи вистинска и реална љубов, е неможна, затоа што да се љуби другиот за лудиот значи да се биде ист со другиот, а да се биде ист со другиот значи да се изгуби самиот себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така Ристаќи го турка внатре Николаќија и влегува по него).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
РИСТАЌИ: (го турка назад — назад до миндерот и му стежнува на рамењата да седне).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Стариот е уплашен и збркан, некоја сила го турка надолу во бездната.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тахир-бег Јаузоски, Мустафа Салиоски и Костадин Дамчески, силно возбудени, стануваат и секој го турка својот стол нанапред, за да седне на него Лазор, но Максим и Јосиф, двајцата во еден глас велат Вие само седете си, Лазор овдека ќе седне.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И го седнуваат Лазора на столот веднаш до вратата, спроти сонце, а потоа и тие двајцата седнуваат на столот, едниот од едната другиот од другата Лазорова страна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го туркаат со лопатите што ни служеа за веење на житото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие го туркаат нагоре, а тркалата му пропаѓаат во снегот, му завлекуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Слушај го ова! Пак чита: „Речи му некому да ти напише писмо и да ми кажеш како го врзувате животот, како го туркате.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Илјадници војници, а може милион војници, го туркаат топот, слушаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Што ми се криви луѓето, а и Јон не ми е крив. Може и тој не сака така, ама нешто го тера, го турка Тој натемаго.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Под капаците, покрај стреите, го туркаат снегот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А Јон, стопанот мој, не гледа кој го турка, Тој натемаго, не гледа дека над голем вис го носи, над провалија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа беше сеќавање што веројатно намерно го туркал од свеста во текот на многу години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Црквата екна, офнаа иконите, се затресе олтарот - така му се стори на попот Ставре кој сега немаше друга моќ во себе освен да се предаде на семоќниот водител негов, оној што го тешеше, ама и го туркаше од немило до недраго, како и сиот негов народ.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Здрвен целиот, стоеше меѓу луѓето, и оставаше да го туркаат де одлево, де оддесно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ги сосековме! Еве, овој останал жив! - го туркаат грубо, за да се ничкоса врз земјата.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Пелагија, со наведната глава, прва тргнува по колата, а зад неа Танаско и Друже Србине чиниш го туркаат воздухот од уличката лево и десно за полесно да чекори поворката.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Овие попречни штичиња се ковани за!... ја фаќа со своите силни раце, ја влечи на кај себе, а таа се оттурнува од ѕидот, го турка купот шут лево и десно и тргнува по него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Де го турка ѕидот со глава“, — велеа чорбаџиите кога паѓаше збор за него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Невестата го турка трипати, а потоа си ги брише солзите, оти ја наоглави деверот и сега ќе му ја водат на зетот — тој да господари со неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сред поле долапот се врти сал се врти се цеди од него водата се истура и шурка и сонот блика по земјата што 'рти додека човекот спотнат кон небото го турка.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
АРСО: (По малку време се враќа.) Си ја заборавив, божем каде што лежев кутијата за тутун. (Ја покажува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: (По него со гест и со мимчка: „Среќен ти пат! Многу ти среќа!“ Како да го турка напред со рацете.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Анѓеле го турка Аце на земја.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Ветерот зафати уште посилно да му налетува од сите страни и да го турка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа е камен што Сизиф го турка кон спортска сала; селска погача со мирис на метална плочка зашрафена во облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
(Пауза. Тишина. Клаус ја отвора вратата. Стево се втурнува внатре. Го турка Клаус до ѕидот.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Никифор ми ги држи, а јас се тргам и го туркам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го турка пред себе, ко преполнета кошница, и вика за помош: — Почекај, ќе го загубам детето!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А може и да нѐ видат, велам и ја стегам устата, го туркам со рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дрвјата истрпнуваат ко животни и го туркаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Слегуваат железничарите и патниците и го чистат снегот, го клоцаат, го туркаат, со голи раце го ринат од пругата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе до мев ми се искачил, одвај го туркам пред себе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)