го (зам.) - трпи (гл.)

Колку да му беше мило во татковата родна куќа и во родниот град Кукуш, пак срцето не го трпеше.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Првите не го трпеа името Србин поради српскиот отпор при завојувањето на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Лефтера не го трпи. Не го трпат и соборците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А својата милосница ја остави и теглилото твое да го трпи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа беше и причината што Раде и Ѓорѓе сѐ почесто се искрадуваа од домот, не можејќи да го трпат и постојаното „верглање“ на тврдоглавата Анѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Државата тоа не го трпи, ниту пак јас, ниту пак брат ми Иљо, ниту внук ми од Комитетот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред некој ден, бев модератор на трибината на тема: „Театарот и притисокот што го трпи од новото време или од материјалната беда“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога со модар подлив, сокриен со темни очила, поминуваш покрај нив ќе слушнеш само:„Сирота“ и „ Како го трпи?“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Главна нивна цел била да ја минираат Отоманската банка, но тие имале и една друга мошне важна цел: со својата саможртва да и докажат на Европа дека оваа земја не може повеќе да го трпи ропството.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
2. Тодора беше едно азган чедо. Родена најмала, меѓу девет сестри и еден брат, го правеше последниот детски џумбус низ куќата, и баш во време кога сите домашни беа научиле тоа да го трпат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еве сега, во нашево маало, може си чул, од вчера и чума се јави, а тоа е мала казна за сите нас што го трпиме меѓу нас овој грешник.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како ќе го трпам да ми доаѓа дома, да му готвам јас, да го гледам секој ден? Ами оти да се мачам така?“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мислам, колку сум јас млад, а Пакистан го трпи 28-иот државен удар.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А малтретирањето што го трпи едно посвојче се накалемува на емоционалната повреда што си оди со самото посвојување, па затоа, кога го гледате филмов, ви се молам да ја имате предвид Кристина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Иако машките и женските може, а и мора, да се појавуваат на музичката сцена“, напоменува Милер, „тие не се еднакво добредојдени на неа: исполнителката секогаш ќе има предност зашто за неа се смета дека ја претставува таа сцена, како нејзин знак, нејзинa чинодејка, нејзина суштина и нејзино величие; додека мажот таму го трпат под услов, со инфериорноста или со потиснувањето на сопствените дарби, да помогне да се воздигнат нејзините дарби“.283 Ако маж ја заземе сцената и си ја присвои, тоа ќе значи дека се откажува од своите машки акредитиви, како што бргу им се обелоденило на Фред Астер и на Џин Кели.284 Далеку од тоа дека го консолидира машкиот родов идентитет, чинот на појавување на сцената повлекува одредено количество родова беља за машките изведувачи – беља што, од своја страна, предизвикува низа сложени стратегии за нејзино ограничување и за справување со неа. ‌Она што важи за бродвејската сцена важи и воопшто за изведбените уметности и за самата изведба. (Иако не треба да ги пренебрегнеме и локалните варијации: Џон Клам нѐ потсетува дека „британските мјузикли историски се сосредоточувале на мажите, од Ajвор Новело и Ноел Кауард до Жан Валжан и Фантомот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажите во нашето општество не ги повикуваат редовно на сцената за да се покажуваат или за да уживаат на очиглед од мешовити публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е неизбежна судбина за маж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа акробатот не го трпи левиот профил на човечето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ајдуклакот не го трпат, прељубата ја казнуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чинго е еден од оние наши автори што најсилно го трпат воздејството на вонредни значајности од советската литература.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Со оваа студија се покри големата празнина којашто беше воочена во оваа, досега ретко истражувана проблематика, но истовремено се демистифицираше и тоа дека, во реалниот живот, работ- ниците се соочуваат со притисоци од секаков вид за молчешкум да го трпат кршењето на своите права и да не организираат штрајк, со цел да стават крај на таа експлоататорска практика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)