го (зам.) - тресне (гл.)

Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но, не направи ни шест чекори низ ходникот кога нешто го тресна по тилот, предизвикувајќи жестока болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тоа навистина беше удар, таков удар како некој вистински да го треснал по глава со силна тупаница.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му реков, доколку не ми поверува, ќе го треснам по муцка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Волшебникот немаше време да се скрие под некоја стреа, па тешкиот камен го тресна по главата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Глигор го зграпчи за рамења и го тресна жестоко во ѕидот. Арсо се струполи наземи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како не го треснаа со мајка ми, покојната, рулчето од земи, додека го држеа в раце?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше збрлавен, како да го треснал некој по главата...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ЉУБА: И воопшто, вие водете сметка, таа да не го тресне некој невин гостин, ако помисли дека е тој вашиот денешен собеседник.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
А јас, и покрај раната, и покрај страшната болка најспокојно се доближив до господинот Барбашин и кога го треснав по физиономијата...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Шушкајќи нешто низ брадата, пцоста или молитва, го зврте неколкупати околу себе како да бара место кај да го фрли но сепак не го тресна од земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Ако е пак тој, ќе го треснам по глава”, се заколна низ заби и патем од закачалката го грабна чадорот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му реков, доколку не ми поверува, ќе го треснам по муцка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зедов јас едно од тие кучињата врзани и оставени, го треснав по глава и без да види Крмакот го фрлив во грмушките, во таа стрмолијата под мене и зедов друго да тепам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го извадив часовникот од левата рака; го треснав од земја; го газев со десното стапало; скокав врз него, но само си ја раскрвавив петата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најпрвин почувствува мирис на чад. Потоа болка како некој да го треснал со стап по газот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го извади појасот и го тресна од земја. Ја згази токата со стапалото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повторно го треснав. Пак остана цело. Така седум пати.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Затоа, го откачив големото огледало закачено на ѕидот во претсобјето и го треснав од земја. За чудо, тоа остана цело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но гледај: зад ќошето од кошарата некој од ненадеж му се фрли зад грбот, го стисна за вратот, а друг му ја грабна пушката и го тресна по муцката. Полјакот згасна. Потаму - што стана, господ би знаел!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кундакот, што силно го тресна по грбот, го стивна чичко Ламбета. Но само за миг.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не знам... - Па сигурно, - се вмешува и кметот, - од кај ќе знае кога силно го треснале по глава!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се вратиле. Шефот на полицијата го грабнал „јагне­то” со двете раце, го кренал високо и го треснал одземи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Волшебникот немаше време да се скрие под некоја стреа, па тешкиот камен го тресна по главата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)