Извини, но морам да ти плеснам в лице дека си грозна, сега морам да бидам начисто со тоа дека работата е семејна, не си ти инаква иако се надевав дека си исклучок, момент кога сè она што боли престанува и ѝ го одстапува местото на лагодноста, пенливо дрдорење и тогаш се губиме зад аголот; гледаш, испадна уште полошо, се појавуваш како опачина на мојата надеж, цинично ми го трескаш прозорецот и остануваш таму, чекаш да ги навлечам чизмите, да го земам капутот и чадорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)