И ќе му го топлиш грбот. Неоти некој јабанџиа ни е?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Митра сака да го наведе Трајко на слизгавица и му вели: — Море ми, не правиме лошо едниот од нас да одиме да му го топлиме грбот ноќеска, токо којзнае да не му дајме пак некоа живина, оти не сме преслечени брго.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И после толку години остарен е, а и збрчкан, злокобен е, а и чемерен погледот во моиве очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Чашата на животот ми е полна со спомени кои вечно ќе го топлат мојот дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ги фаќа утринските зраци на лицето што го топлат и гледа како сончевата светлина блеска на главата од расцутените хризантеми како да ги крунисува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ќе го искапам и ќе го топлам над мангалот, полн со разгорен дрвен јаглен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кожинката од нејзината мачка Полин ја носеше околу половината за да го топли.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нејзиниот Петар е веднаш до неа, грбот си го топли од нејзиниот грб, а од носот му се гласат повеќе свирки.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Снегот од една страна го топли, вели, а од другата му ја зема топлината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)