Ќе го товарите на коњ и ќе им го однесете на оние продадените од Тополчани јали од Тројкрсти; тие, ако сакаат, нека го закпаат, а ако не, ете ви ја Црна; по Вардар дојде, Црна нека го однесе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете тогаш, кога Потковицата беше завојувана од Србите, кога од страна на Началството постоеше заповед никој да не се добира до војниците, да не им прави услуги и да не прима услуги од нив, кога отворено се зборуваше дека божемните сојузници се полоши и од Туците и дека се токмат тие да ги заменат нив ( во Потковицата сеедно и сеедно пристигаа гласови од сите краишта на Македонија дека новите завојувачи ги прогонуваат и ги убиваат нашите учители и свештеници,дека ги ограбуваат и ги палат нашите села и светилишта) кога се изјаловија нивните надежи дека Македонија, по победата на Сојузниците над Турците, ќе добие своја автономија и ќе стане држава каква што станаа тие, Србија, Бугарија и Грција, кога сите беа обземени од очај дека ќе останат без татковина, при крајот на Првното србско, во летото 1915-та, се случи една од чупите Јанчески, Благуна Василичина, да се измами по еден од војниците сместени во поранешното училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Го сакаа и затоа што за време на тешките маршеви тој се наоѓаше секогаш до нив и одеше пеш, лично ја проверуваше преодноста на патот, прв загазуваше во студената вода и секогаш ги бодреше мародерите, а на оние на кои им беше најтешко, не еднаш им го даваше коњот за да го товарат оружјето и тешките ранци наполнети со фишеци и рачни гранати.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Друг албански офицер им наредува во нив да го товарат оружјето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Телевизоров нема добар сигнал и ќе го носиме на Велешко“, им зборуваше, а едниот од нив го креваше во раце, го товараше во гепекот од колата и со татко му тргаше на пат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Впрегнаа коњска кола, ја покрија со ќебе „амбасадор“ и го товарија пакетот, напрчен угоре.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А тие со автоматите го собираа лебот во вреќи и го товарија на коњите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Многу плаќаше за мене, мори Чано, со ништо не му се наплатува, ама јас не можам да појдам кај него, не можам да го товарам со туѓо дете!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По обичај, приседнавме во кујната на столчиња од рогозина, на по еден напрсток од черешновницата за добар пат, а потоа Верга почна да го товари Живка: еден балон велгошка черешновица, уште еден балон лачено вино, не едниот помал од другиот туку наопаку, една кошница чисто месо и чистена риба, уште една кошница грозје за децата и толку.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Донеси го коњчето да го товариме!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
На крајот, најправедно се чинеше објаснувањето на неговите блиски од Русија дека не чуле и не виделе ништо!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па како и зошто тогаш да го товарат со веста дека жена му станала некоја другарка која можеби втасала до претседател на некоја организација, или секретар на некој, како што ги викате вие, Комитети.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ме викна командатот на баталјонот и ми рече: Милке, тебе ќе те преправиме во селанка, ќе те качиме на еден коњ, ќе го товариме со дрва и ќе одиш во Прилеп, божем продаваш дрва, за да видиш каде е непријателот и да се распрашаш со колку оружје се наоружани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Другите останаа во Крстец. Тој ден останавме таму на позиција.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
После, го доведе магарето и го товаривме Ангелета мој.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)