Дури и нешто потешко. Дури за воловите беговите приготвуваа слама и јарма за да го тегнат плугот, за овие двоножни волови ич не се грижеа, зашто ги има во изобилство без да ги купуваат и да даваат пари за нив како за стоката.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Одеа полека кон селото. Коњите разнемоштени, едно од тешкиот товар, што дотогаш го тегнеа, друго од разделбата и немоќта што не можеа да му помогнат на својот стопан, со вина во погледот врискаа... час подигајќи ги предните нозе, час се тегнеа наназад вклопувајќи ги задните нозе вземја, со високо кренат опаш ја покажуваа својата лутина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не знаеше: седеа собрани во својата заседа, шумеа се наслушуваа, го тегнеа господа за брада, слутеа црна иднина ако останат пасивни зашто не веруваа дека тој е само месечар, обичен болен месечар без зла совест.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ритмично му го тегнеа јазикот, се слушна тивко кркорење... потоа пак ништо. Празнина, мртовечко молчење...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Зглобовите му се оптегнуваат и го тегнат сиот напред, го чувствува срцето како се прпелка во градите и сака да искочи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нешто вика и тропа во мозокот, непрестајно го тегне неговото срце таму. Тоа е злосторникот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)