Го распрашуваа орелот, Ме распрашуваа мене: Кој го одрони каменот од Месечината, Кој го стопи каменот на Сонцето, Кој ја завири реката со грамада камења и кал, Кој ја скроти молњата во каменот, Кој на каменот си го напишал својот епитаф? 2.2 Го распрашуваа орелот, А јас им го читав мојот епитаф И чувствував како се ронам, Се распаѓам во песок И станувам прашина И станувам пустина.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Јужњакот го стопи снегот и водите стекоа - се наполнија суводолиците. На осојнините шарее снег.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кафеџијата, кој за целото време - стоеше крај шанкот и виде сè што се случи - нервозно ги засука мустаќите и така го изгледа дајреџијата, кога овој ги извади парите, како да сакаше да го стопи со погледот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не ќе ми го стопи земјата мртвото тело додека ти мој Ламе (Сефула Малешова) и сите тие што себеси се нарекуваат Албанци не ми ги испратат посмртните останки во Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Потем, кога се се смири, од слепоочниците на човекот потече во два млаза врела треска и го стопи мразот на здрвеноста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Змејко знаеше добро дека сиов овој мраз ќе може да го стопи само нешто, што ќе се плисне по земјата, што ќе ја обгрне целата и што ќе ја натера самата да се разбуди, за да се отстегне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но наредната зима ќе си фати плански и снегот во своето грло ќе го стопи...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Случајот сосема го стопи, го погоди в срце.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не довикувај ме далечен, не довикувај ме, заминувам по патот на вечноста, да ја стоплам душава, да го стопам мразот што се насобрал околу срцето. Заминав во заборав...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А кога и него го изгрицка и го стопи в уста,ја оближна дланката и усните и ја зеде книгата со двете раце да ја чита.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)