го (зам.) - стивне (гл.)

Во превод стануваше збор за тенок, добро печен бифтек, пилешко во чоколадо, некои макала, лутеница и чипс од пченка што го голташе во големи количини за да го стивне лутото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Горната половина на телото, речиси андрогина, со мали цициња и раменици на момче, не се движи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Песната, чиниш нејзината тажна развлеченост ја измислил за да го стивне бесот на снаа крв што се уште била во него, веќе не се слушала.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нејзиниот вресок како да го стивна за миг оној ураган што му дуваше во градите, просто поткревајќи го од местото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Патот за Лесново, го знаеш ли? прашала игуменијата, и веќе не можела да го стивне во себе преданието за овоземниот призрак, речиси му се предала неподвижна, сѐ уште исцибрена но без воздишка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, тој брзо и крадешкум го стивна телевизорот и почна да наслушува: се чу издувување на нос, но тоа беше некако суво и некарактеристично за настинатост.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се прибра срцето, го намали чукањето, го стивна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)