Но народот одамна рекол „Кој со ѓаволот тикви сади од глава му се акаат”, па така и интернетот успеа да им го сруши нивниот геноциден план за уништување на човештвото.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Се обидов да го исфрлам секој дел од тебе, а го исфрлив и моето срце, се обидов да ги задушам твоите зборови, вистини или лаги, а ја задушив мојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И јас ти верував тебе, зошто го сруши тоа што го градевме, тоа за што се боревме, сонот што го сонувавме, зошто на нешето патување ваква болка чувствуваме?
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Киферовата имагинација повторно ја обедини Европа пред тоа и вистински да се случи, пред источните германци, охрабрени од Горбачов, да го срушат Берлинскиот Ѕид, овозможувајќи старите мразулци на студената војна да се стопат насекаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За целото тоа време Ружа од петни жили настојуваше да го сруши овој нелегален брак.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Теоријата според која рокенролот го сруши комунизмот, и покрај многубројните недостатоци е многу симпатична и има голема вистинитост; таа се одрази во мојот прв Хитлер (200x200 см. поликолор на пакпапир, Margina #26-28 [1995] | okno.mk 25 новинска хартија и масло) на чија позадина пишуваше “Crazy for Love”.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Лиќо (синот на Видан) почна да ја доградува куќата што ја наследи од татка си, а со тоа му го затвори светлото од куќата на Јаким (синот на Блашко); почнаа да се караат, да се расправаат; селаните не успеаја да ги смират, и започнаа од судот да идат комисии, да гледаат, да мерат, да цртаат, да прават записници и судот донесе одлука Лиќо да го сруши изградениот кат со кој му ја затвора светлината на Јаким.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ништо не му беше важно освен да го сруши ѕидот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нејзе сѐ уште никој не ѝ го срушил приматот на најдобра мајка. Не ѝ се ни приближил!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Нѐ држат уплашени дека ќе ни го земат лебот, ќе ни го срушат домот, ќе ни ја скршат вилицата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Сум ти раскажувал, - почна дедо ми - дека до земјотресот што го сруши Скопје во 1963 година, јас, баба ти Лена, мајка ти, твоите тетки, прадедо ти Марко и прабаба ти Менка, живеевме во Битола која се наоѓа во подножјето на Пелистер.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Твоето поаѓање го сруши ѕидот на осаменоста... Отсуството засекогаш ме направи тажна.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Последната голема пропаст, навестена од Кинг Џејмс, уште дотолку го сруши.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Јас денес пробам да ја изменам малку мелодијата на Шпанското Фанданго. Еве како оди - слушај“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Угрјум-Бурчејев, бивш никаквец. Го сруши стариот град и изгради друг, на ново место.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Протеран во странство во 1821 година.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)