Кочо застана на врата. Дека беше внатре темно, човекот, станат веќе да го среќава, му се стори како затворник.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И, повторно мора да се има на ум Дишановиот хумор. ANEMIC, што е дел од насловот, во францускиот јазик го среќаваме единствено како анаграм на зборот CINEMA.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Покрај псевдонимот R. Mutt, што Duchamp - тој огнен рушител на митови - го испиша врз соблазнувачката школка, кај него неколку пати го среќаваме и псевдонимот Rrose Selavy.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таа сакаше тој да умре со неа (зар не е подобро без неа?) и затоа носеше револвер кога го среќаваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
„Барокниот“ стил, или она што го подразбираме под „магиски реализам“, го среќаваме во оние раскази чија произволност мораме да ја прифатиме ако сакаме да поверуваме во нив. Таков е, на пример, расказот за Моне Хенџов-Даров.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На пример, го среќаваш Перо водоводџијата, Рустем слаткарот или Ќиро клозетската шоља и замолуваш некој од нив да ти го позајми носот...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Шајките, а по нив и полицијата триумфално одеа по сите градски улици, стрелаа по прозорците на куќите и на секој христијанин што го среќаваа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И овде го среќаваме принципот на Канонот на Вечно Нагорна Линија: човек сѐ повеќе и повеќе се оддалечува од почетната точка, за одеднаш повторно да се најде во неа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ваквиот тип на трансформација при кој се зачувува сета информација често се нарекува изоморфизам, термин кој често ќе го среќаваме во книгава.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Феноменот на Чудни Јамки ќе го среќаваме често во книгава, некогаш експлицитно, другпат имплицитно. 26 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Што вели историјата на филозофијата за овој проблем.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во Античката филозофија, поточно кај застапниците на религиското учење - орфизам, го среќаваме мислењето дека телото е затвор за душата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Обиди се, драги мој, да го сакаш оној што со години ќе мораш секојдневно да го среќаваш, да разговараш со него и да се дружиш.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Иди Џемо, полјакот од Прибилци, иди во Жван и го среќава Стојана Пејкоски.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)