Меѓутоа, она што ги прави интересни во прв ред е потполната свест дека, иако значењето е лоцирано во дискурсот, а се чита во контекстот, дури ни традиционално сигурниот контекст (високата култура) не е во можност потполно да ги контролира значењето што го „влече со себе“ и значењето од другите контексти. нафф 6 „Нема сомневање дека отпорот на свесното и предсвесното Јас стои во служба на принципот на задоволство, сака да го спречи незадоволството што би било предизвикано со ослободување на потиснатото и нашиот труд оди во таа насока да се издејствува допуштање на таквото незадоволство со повикување на принципот на реалноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Делата што ќе бидат претставени референцијално се втемелени во популарната култура, но контекстуално и понатаму во идејата за висока уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Против решението на судот со кое се одлучува по барањето за одлагање на рочиштето, не е дозволена посебна жалба (чл. 108, ЗПП). 5. Процесноправниот институт „контумациона пресуда“ кај нас е регулирана во ЗПП под називот пресуда поради изостанок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, кога тужениот, во одговорот на тужбата, не го оспорил тужбеното барање, или нема да дојде на подготвителното рочиште до неговото заклучување, или на првото рочиште за главната расправа ако подготвително рочиште не е одржано или ако дојде на овие рочишта, но не сака да се впушти во расправање или се отстрани од рочиштето, а не го оспори тужбеното барање – ќе се донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање, ако се исполнети следниве услови, т.е. ако: 1) тужениот бил уредно повикан; 2) тужителот предложи донесување на пресуда поради изостанок; 3) тужениот одговорот на тужба или со друг поднесок не го оспорил тужбеното барање; 4) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 5) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите што самиот тужител ги поднел или со факти што се општопознати и 6) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот го спречиле оправдани причини да дојде на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Но ова не го спречи Вангела уште еднаш да ме уцени.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој Цале Ангеловски кој го спречи татко ми да оди за Србија го предаде татко ми на монархофашистите, а им кажал и дека брат ми Спиро е партизан.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ако ние треба да ги уништиме нив, тие мора да не уништат нас за да го спречат сопственото уништување, и ние мора да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас пред ние да ги уништиме нив пред тие да не уништат нас... што всушност ја претставува точката во која сме ние во моментот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Твојот заборав и моето заминување сега и сам Господ - бог не може да го спречи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Стихот ме окова за себеси навестува непишан и невидлив заговор против Бог - господ, зашто, ете, се случило нешто без тој да можел да го спречи?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
„Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.“
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Зошто поетот вели дека, да знаел, Бог - господ би го спречил?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ти конечно ме бакна, и како и овие дождови и секавици, како и овие ветришта, ме окова за себеси, и тоа што веќе меѓу нас се случи сега и Бог - господ не може да го спречи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Твојот заборав и моето заминување сега и сам Господ - бог не може да го спречи.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Прва против Османлиската Империја започнала да војува Црна Гора во октомври 1912 Обидот на големите европски сили да го спречат судирот завршил со неуспех, по што зазеле „неутрален став“.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Силите на Антантата ги подржувале балканските сојузници, а централните сили Османлиската Империја.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Обидите на големите сили со реформи да го спречат распаѓањето на Османлиската империја завршиле со неуспех.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Обидот на Младотурците во 1876 да го променат уставниот поредок во Османската Империја завршил со неуспех.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Византискиот владетел Алексеј I Комнен не можел да го спречи нивното навлегување.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Обидот на византискиот император Константин IV во 680 да го спречи нивното навлегување завршило со потполн неуспех.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со цел да го спречи нивното навлегување, Византија изградила повеќе утврдени градови и тврдини на брегот на р. Дунав.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Никој не можеше во тоа да го спречи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не сакаше да го спречи директорот во напливот на своето кажување.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Самоубиството се осудува, но доколку човек реши веќе да не опстојува во овој свет, зар може некој да го спречи тоа?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
2. Еден од патиштата кон поднослив живот / е секој во себе да го спречи злото, / а најдобриот начин злото да победи / е добрите луѓе да не прават ништо!
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Можеби и нема да се случи тоа ако за тоа му каже на братот, или на родителите, можеби ќе го спречи „нараснувачкиот процес?“.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој ја сфати безумноста на тоа чувство и се обиде да го спречи, но сите негови напори за рационализација и свесност го изневерија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Токму затоа, со право можеме да заклучиме дека правата на работниците се наоѓаат помеѓу чеканот и наковалната, постојано на удар од ниските плати кои не секогаш ги добиваат, прекувремената (неплатена) работа, небезбедните работни места, прекарната работа, замолчените синдикати и слепите институции, а законите кои треба да се подлогата на која тие стојат и која треба да го спречи ваквиот удар, воопшто не го прави тоа, туку напротив со многубројните измени на легислативата само го олеснува понатамошното обезвреднување на трудот на работникот, кој се претвори во обично средство во работниот процес.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Покрај одредбите од овие закони, од септември 2014 година, дополнителни одредби за остварувањето на правото на штрајк на вработените во основното и средното образование се пропишани и во Законот за основно образование и Законот за средно образование.135 Овие два закони претходно не содржеа одредби кои го регулираа штрајкот,136 а беа внесени како дел од стратегијата на Владата на РМ да го спречи најавениот штрајк во образованието од страна на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). 134 Закон за здравствената заштита, Сл. весник на РМ, 38/91, 46/93, 55/95, 10/2004, 84/2005, 111/2005, 65/2006, 5/2007, 77/2008, 67/2009, 88/10, 44/11 и 53/11.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Покрај ова, се уредуваат прекршочните одредби, т.е. има нивно зголемување доколку работодавачот, одговорното лице кај него или физичко лице кое самостојно врши дејност: 1) го спречи, односно попречува инспекторот на труд во вршењето на работите на инспекцискиот надзор; (чл. 10, 11 и 12 од ЗИТ) 2) не набави книга за надзор и не ја чува во секој објект каде што ја врши дејноста (чл. 14 ст. 4 од ЗИТ) и 3) ги отпечати запечатените работни простории, работни места или орудија за работа во механизиран погон на работодавецот (чл. 18 ст. 1 и 2 од ЗИТ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Или, кога можеби веќе знаеше кон што води тоа и кога веќе не можеше да види смисла во можните напори да го спречи она што требаше да се случи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во очите на Еразмо проработеа тие бледи сенки кои како тешки бели завеси, се спуштаа со непрекинато трепкање на клепките, од што тој многу се срамеше, а мораше тоа да го прави, за да го спречи солзењето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Знаев дека со ништо не можев да го спречам во неговата намера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во наредните две години тетка ми уште неколку пати се обидуваше да го спречи тоа наше зближување со Вера, како да сакаше да ја наруши таа среденост што се беше создала во куќата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Бидејќи ние знаеме дека е книгата истовремено напишана и ненапишана, со белези на дамнина, претпоставуваме дека Рибоокиот или сака да ја украде книгата која од дамнина постои, или да го спречи појавувањето на книгата за дамнината, која допрва ќе настане, или обете нешто наеднаш.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во еден миг, срипал ко опарен и се опитал со крената глава и става сам да тргне кон непријателот, повторно да ги запее и разлее стиховите, за да ја покаже и докаже својата теорија, дури ако треба да гори во огнот на непријателот или да согори во сопствените зборови и стихови. Го спречиле во намерата другарите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
98. Надворешниот свет пак го уверуваа оти историјата со Источна Румелија не може да се повтори и со Македонија, зашто во Македонија има многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите соседни балкански државички и големите држави, ќе можат да го спречат соединувањето на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
107. Ваквиот развиток на работите во Македонија го согледаа и заинтересираните претенденти па ги вложија сите усилби не само да го спречат, туку и да го задушат воопшто.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Онисифор Проказник не одговорил наеднаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги оближувал сувите усни со побелен јазик да го спречи пукањето на кожата и се оклопил со темни мисли.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ЛУКОВ: (Упаѓа за да го спречи лизгањето на разговорот по стрмнината која не му е пријатна.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ПОП ЈАНЧЕ: И, затоа црквата донесе решение да го спречи погрчувањето на Никола.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Инаку, ми е срам да си ги валкам рацеве. (Антица застанува пред Илија да го спречи, обзрната кон Ристаќија и со гримаси на очите, устата и лицето го моли.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Саветка исто така се пушта да го задржи Ристаќија и со тоа го спречи проливањето на крв.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
“магнетски закон” според кој “магнетните сили се еднакви на коефициентот на магнетско- моторната снага и магнетскиот отпор”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Со други зборови: на класиката � е потребна “магнетско-моторната снага” на маниризмот доколку не сака да се петрифицира, а на маниризмот му е потребен отпорот на класиката ако сака да го спречи расточувањето.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но катанарите не успеваа да го спречат да се мушне и да направи вистинско безредие во нејзината глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа полека го стегаше својот смрдлив обрач околу зградата и никој не беше способен да го спречи да влезе во неа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Уверувањата на Бендоу во врска со можноста за зголемување на наркоманијата меѓу малолетниците се исто така неубедливи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ние би можеле да ја забраниме продажбата на дрога со помош - на автомати, но ни малолетниците не набавуваат алкохол од автомати, што сепак не го спречи преголемиот број на деца да дојдат до алкохол во количини доволни да ги уништат и своите и туѓите животи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Другиот проблем се однесува на младите, кои несомнено би можеле да набават дрога исто како што можат да набават цигари и алкохол.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ниеден систем тоа не би можел да го спречи во потполност; всушност, до 1990. година, и покрај потрошената сума од 10 000 милиони долари годишно, федералната влада не беше способна да спречи 22, 7 одсто малолетници на возраст од 12-17 години, да ги пробаат забранетите супстанции.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, што се однесува до репродуцирањето, Дишан од почетокот беше крајно внимателен (сигурно можноста да ги размножува му била доволна), и се погрижи сериите да бидат бројно ограничени.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Истиот вид на внимателност го спречи без мерка да произведува 99 “оригинални” редимејди.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
„Тогаш требаше да го спречам чедоморството и да ти се вратам.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Обидувајќи се да го спречи бракот, Којо Пипиле и на Марија ѝ рече: „Богдан има жена дома...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На крајот Камилски сакаше да ја вкуси баклавата, но неговата сопруга го спречи, а тој се задоволи да ѝ се насладува само со очи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој беше предизвикан да трага по генезата на името и тајните на баклавата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓутоа, еве го повторно на припомош Сјоран.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Републиката која си се почитува би требало да се мобилизира кога ќе се појави голем човек за да ја води, да го спречи да создаде легенда околу себе, да заземе место во историјата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тие се должни да го спречат изгладнувањето до смрт на своите следбеници во доволно големи бројки што би можеле да бидат незгодни, и должни се да останат на истиот низок степен на воена техника како и нивните противници; но кога минимумот е еднаш веќе достигнат, можат да ја извртуваат стварноста како што сакаат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мислиш дека јас зборувам за власт и моќ, а дека не сум во состојба да го спречам распаѓањето ни на моето сопствено тело.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа не се обидуваше да се откачи од него, но чекореше токму толку брзо за да го спречи да оди паралелно со неа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Успеваше да го спречи само штракотот на забите, но колениците му беа надвор од контрола.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но постоеше и друга, поневеројатна можност, што постојано му ја креваше главата од работата, иако залудно настојуваше да го спречи тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што да направат? Мора да го спречат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Размислуваше да го удри одненадеж со дрво по главата, со секира, но како да го изведе тоа за да не биде тој побрз од него и да го спречи.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ми дојде апансас... Неочекувано... Не можев да го спречам...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Татко сега реши да ѝ го раскаже на Мајка, како што си беше, своето прво заминување во егзил и како татко му сакал да го спречи, како што тоа го чинела неговата мајка, дваесет години подоцна: „Каде заминуваш, сине?“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ако не го спречеше клисарот Нестор и другите икони од црквата ќе ги фрлеше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јаким налутен што судот пресуди во полза на Лиќо, започна и тој сега да ѕида уште еден кат на својата куќа, и сега тој почна да му го затвора светлото на прозорците од Лиќо; сега Лиќо зафати да го тужи Јакима и да го спречува да го изгради катот; започнаа одново да доаѓаат комисии, вешти лица од судот, да прават скици, записници, да даваат мислења; се редеа судски решенија, жалби, тужби; времето одминуваше а есенските дождови почнаа да му ги ронат ѕидовите на изградениот кат на Јаким; и тој нечекајќи дефинитивна одлука на второстепениот суд, зафати да го покрива; Лиќо се обиде со сила за го спречи, започна тепање меѓу нив во кое се вмешаа и нивните жени и нивните синови: Танаил и Китан. во тепачката дојде до пукање и Лиќо го отепа Јакима.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ја испразни чашата и не го спречи грчот на лицето.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во преостанатиот дел на сонот продолжуваше да го мачи силата што би можела да го спречи патот на јагулите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Да не дојде клето време и во оваа земја па некој силник да се осмели да го спречи патот на јагулите, - продолжи Игор Лозински.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во текот на дебатите за демократијата во 17-иот век во Англија, Хобс рекол: „Демо кратијата е невозможна, затоа што човекот е осуден на насилство”, а Лок одговорил: „Јас тука не сум песимист, бидејќи можат да се создадат институции што ќе го спречат човечкото насилство, а да се направат тие институции треба само малку мајсторство.”
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не мислам на нашата раздалеченост од личната несреќа што му се прелева секому на претек а нејзиното прелевање никој нема сили да го предвиди и да го спречи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Можеби оградата можеше да го спречи падот од високо, но не можеше да го спречи гледањето далеку.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Бомбардирањето на НАТО го спречи режимот на Милошевиќ да ги оствари своите цели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
На лионската железничка станица ме чекаше генералниот почесен конзул на Македонија, Бернар Ролан, поранешен пратеник и сенатор на Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тој ги беше прочитал на француски јазик Татковите книги и Времето на козите и се радуваше на нивното објавување во Турција што јас го сметав како своевидно татково враќање во Истанбул, но болеста го спречи да ја доживее нивната промоција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нивниот краен заклучок во однос на ова бил дека "изгледа скоро неверојатно дека Србите ќе се согласат да ѝ отстапат територија на Бугарија за која тие четирипати се бореа во 30 години; и последно, предлогот сигурно би предизвикал спротивставување на Грција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Целокупната активност што се одвивала меѓу Југославија и Бугарија, а во која индиректно била инволвирана и Грција, при крајот на Втората светска војна за британскиот политички естаблишмент претставувала „конфузна ситуација“ во која тие не гледале некоја перспектива за регулирање на односите меѓу балканските држави во „оваа фаза“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британците посебно ги интересирал советскиот одговор за таа идеја, бидејќи така би можеле да ги планираат следните свои чекори за да го спречат "заедничкиот југословенско-бугарски притисок врз Грција и отстапувањето на Западна Тракија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
260 Големиот број информации кои пристигнувале во Форин офис од британскиот амбасадор во СССР и од политичкиот претставник во Софија укажувале на преземените активности во Југославија и во Бугарија, Балканот да им се препушти на балканските народи, да се напушти меѓународното ривалство на Балканот и да се отстрани мешањето на големите сили во работите на Балканот и укажувањата дека Бугарија е на пат да влезе во федерација со Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кога народот сака - тоа не може никој да го спречи“. Нагласил дека со Англичаните се договорил да се договараат по сите прашања кои се однесуваат на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Черчил бил наполно свесен дека со фрлањето на Југославија "со сето срце во прегратките на Русија", британското влијание во оваа земја е целосно изгубено.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
При една таква ситуација, оценувајќи ја советската експанзија како најопасна за британските интереси на Балканот, во април 1945 година, Черчил зазел цврст став според кој отстапувањето туѓи територии можело да се врши само на мировни конференции бидејќи, според него, неконтролираните договори и преговори не би можеле да го спречат советското напредување во Централна и во Западна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кога мама виде дека неможе да го спречи да оди силно го гушна и му рече - Те молам сине пази се, биди внимателен.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тоа едноставно се случи, а како да немаше време да го спречат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
-Во својот страв тие создадоа големи армии на тајни полиции да ја шпиунираат приватноста на мирољубивите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
-Во својот бес тие ги принудија мирољубивите млади против нивна волја да се вклучат во нивните армии и да извршуваат убиства против младите на други земји.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Беа на турнеја, два месеци на едноноќни гостувања од Сан Диего до Сиетл, и кога тоа се заврши, групата се распадна.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога се заврши, се изнапија и за хероин ги продадоа клавијатурите и видео камерите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
-Во својата страст за моќ тие ги контролираат сите средства за комуникација за да го спречат слободниот тек на идеи и за да ги блокираат љубовните размени.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
- Ќе те земам друпат, - одговори тој и за да го спречи нејзиното плачење и врескање, брзо додаде.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Им препорачував каква крема да си купат, кој сапун ќе им ја излечи егземата на кожата или кој шампон ќе им го спречи опаѓањето на косата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Треба да се забележи дека сите тие владини “контрашајки“, полиција, разни стражари и војска, коишто имале за цел да го спречат преминувањето на турско-бугарската граница од страна на македонските комити (за да се зачуваат добрососедските односи со Турција), не важело и за врховистите што токму во времето на Данев масовно ја преминувале границата во есента 1902 година и го дигнале познатото “Горноџумајско востание“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, и покрај тоа, имало кругови во власта што не сакале да го спречат најлошото.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Бугарската влада, иако често правела сериозни обиди тоа да го спречи, не секогаш имала успех.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Не успевајќи да го спречи планираното востание, МРО ги вложила сите свои сили барем да го ограничи и да ги сведе на минимум тешките последици за Организацијата и за населението.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Наместо да бараат од султанот реформи, пратениците ги вложиле сите сили да го спречат безразборното колење на Ерменците.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, стражарот бил побрз и го спречил.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во тоа време на власт во Бугарија била проруски ориентираната влада на д-р Данев, којашто преземала разни мерки за да го спречи префрлувањето на чети и оружје од Бугарија во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)