Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„А, нема држава, мамката твоја...!” го зграпчија тие и го спотераа в затвор.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И ние го спотеравме нашиот коњ по многу добриот пат и постојано исплашено мислиме кога ќе се превртиме на едната или на другата страна и колку завртки и навртки веќе посеавме по овој макадам.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Трестеник – рече мажот и го спотера коњот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дома кај него кој знае што станува: мајка му од лутина в земја ќе го спотера.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Да не даде господ да оживее и некој да го спотера. А ти седнат на него!“
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мил му свика, но тоа не запре: запре дури кога го удри со клоца и го спотера во куќичката.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Откако малите ветрови се повлекоа - Северецот и Југот продолжија жолчно да се нафрлуваат еден на друг: час Северецот успеваше да го истисне Југот, да го истера од селото, да го спотера накај полето и езерото, час Југот собираше сили, му се втурнуваше на Северецот бучејќи и шибајќи го со јадри капки што ги заграбуваше од езерото; со нив како со сачми заплускуваше по прозорците од куќите, по дрвјата, по сè шо ќе му се испречеше на патот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)