го (зам.) - состави (гл.)

Никој не можеше да рече ништо, но татко ми дури на пладне можеше да го состави целосниот мозаик на ноќните настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Подоцна, во партискиот комитет, врз основа на конфузните доставки, се обидуваа да го состават мозаикот на потребната вистина па на крајот немоќни да дојат до посаканото лесно обвинение, немоќни, извикуваа: Кој е сега овој господин Сеген со козле?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И сега овде во Маказар, и порано низ годините, сум сетил, дека секој обид за чист план ми се извлекува и, дури кога сум се обидувал да го составам, и дури и кога сум го составил, тој често се уривал под наполно непредвидени околности.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја фотографирав нивната трошна, напуштена куќа, нивите преку каналот, дрвото во дворот, пасиштата, сокачињата во селото, бакалницата... потоа ги редев фотографиите (тогаш немаше дигитални апарати) како сложувалка за да го составам Сакулево, родното село на Борис Кривошеев.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дедо ми беше партизан, а внук му?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го лизна со погледот откосо и набрзина, па рече со повишен глас: - А сега ќе ви го прочитам заветот на дружината. Го составивме јас и Геле.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Капетан Драган го состави јазикот арогантно чешлајќи ги малите антени на главата, што за миг заличуваа на волчји залисци...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
После сѐ, го составил првиот американски прирачник за употреба на рекреациони дроги - The Hasheesh eater (1857).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Успеа само повторно да ги долови спомените на одделни црти, кои измачувачки лебдеа и одбиваа да го состават ликот што му беше познат и по кој копнееше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Луција имаше право: јас сум можел уште тогаш да ја обезбедам својата иднина, со едно просто потпишување на текст што друг ми го составил; требаше само да станам дел од едно колективно, врвно јас – и сѐ ќе беше како треба. Вака, меѓутоа, јас бев на полпат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во салонот на Берта Ауербах, сместен на спратот над собата на Сара, секоја среда навечер се собираа десетина млади луѓе кои се докажуваа едни пред други, обидувајќи се да кажат нешто умно за животот, за љубовта, за музиката и за литературата, и скоро се натпреваруваа кој ќе остави посилен впечаток.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите откривавме и сликари кои никогаш не беа стапнале во градот во кој мечтаевме да живееме брат ми и јас; во оние за Бројгел и Дирер, меѓу фигурите на нивните слики, ги баравме будалетинките, тој веќе со векови исчезнат подвид на хомо сапиенсот, ги препознававме по чудните капи, најчесто со магарешки уши, или со две или три испупчувања налик на рокчиња, понекогаш со туфнички на нив; будалетинките, кои уште во времето на фараоните ги забавувале владетелите кажувајќи глупости, а скривајќи ги во нив најголемите мудрости, будалетинките кои секогаш се наоѓале во европските дворови покрај кралевите, кнезовите, грофовите; будалетинките кои сѐ до шеснаесеттиот или седумнаесеттиот век можеле да се најдат насекаде по Европа, се шуткале од град во град, од село во село, земале по некој грош на прославите на празниците; будалетинките, оној дел од човечкиот род кој можеби со мудрост се откажал од разумот, тие можеби свесно решиле да бидат за потсмев на останатите луѓе, потсмевајќи му се така на целиот свет, а и на оној кој светот толку погрешно го составил; токму таа свест дека светот е погрешно составен била можеби главната причина да се откажат од разумот. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и секогаш, тој и сега му ги понуди на везирот своите услуги и го моли да го удостои да го прими хронограмот што му го испраќа и што го составил со голем труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во последно време тој сѐ повеќе размислуваше над молбите и над списите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во Берн некој помина со такси над него и никој после не знаеше како да го состави.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Менито Мајка го состави со госпоѓата Камилска, која дојде уште рано со свој прилог за слаткиот дел на ручекот, но и да ѝ помага на Мајка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше нивен значаен придонес во мисијата на Татко и Камилски да се справат со османскотурските заемки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе го составам вашиот хороскоп за неколку дни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Постепено, научниците го составија мозаикот за настанокот на писмото, но тој содржи многу празнини и подложен е на различни толкувања.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И тоа ли е метафизика: од другата страна на зборовите кл-ечат значења непроникливи имаат моќ светот да го состават и да го поделат а не можат човека да го сменат?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А знаеш и самиот, дури и јаболкото кога ќе го раздвоиш нема веќе сила што ќе го состави.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- А, газот му, мајчин... - викна Јани. - Некој кератаја, го составил писмото... Како многу учено ми изгледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зашто, ако овој писател со истата леснина како и Исмаил Кадаре се ориентира во лавиринтот на балканскиот простор и време, тој со Данило Киш ја споделува величината на највозбудливиот омаж, посветен на најпотресниот лик на Таткото: во романот Градина, пепел на Киш, незаборавниот Едуард Сам настојува да го состави универзалниот возен ред, додека таткото на Старова сака исто така да оствари еден колку огромен, толку и хемерички проект:
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некој повторно го составил телефонот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)