го (зам.) - соопшти (гл.)

Кога ќе се одложи рочиштето, судот веднаш на присутните ќе им го соопшти местото и времето на новото рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Новото рочиште ќе се одржи во рок од најмалку осум дена, односно во рок од најмногу 45 дена од денот кога рочиштето било одложено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова важно сознание јас би можел да им го соопштам на луѓето, но не сум заинтересиран за тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А не си го поставувам затоа што немам никаква потреба да одговорам или пак, што е последица на потребата за одговор, тоа и да го соопштам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можеби беше правилно предупредувањето на Агна, кое ми го соопшти откога ѝ пишав за почетокот на работата на бунарот, дека е подобро да не се сообразува човек со желбите, како да се исполнети, пред да види што вели животот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како да дојде да ми го соопшти тоа што веќе одамна се случило.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од телефонскиот разговор со госпоѓата што ми се јави од клиниката паметам само една реченица... на мајка ви и е лошо, дојдете веднаш... не знаеме дали ќе и издржи срцето.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Германците беа изненадени кога владиката ги поздрави.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓу нив, како што и очекуваше во овие времиња, владиката забележа дека ги нема претставниците на еврејската заедница на островот. Тоа не му го соопшти никому.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Американски период (прв дел) Ребека (Rebecca), 1940г. •Претпоставувам, господине Хичкок, дека дојдовте во Холивуд мислејќи дека ќе го снимате Титаник? Наместо тоа, го снимивте Ребека.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сакам вашето лице да го има само она што сакаме да ѝ го соопштиме на публиката - она што го мислите”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Само добро да се распоредеме, — заврши Јово и им го соопшти планот за одбрана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерот мора да напаѓа отворено, одоздола нагоре, и четниците ќе можат од заклоните да стрелаат и одозгора бомби да фрлаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако Мигел ми го соопшти ова, исчезна оставајќи ме сред јато валкани пеликани.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На пример, дијалогот може да биде помеѓу мажот кој штотуку ја загубил работата, но немал храброст тоа да ú го соопшти на својата жена, која пак го крие љубовникот во спалната соба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не споменувајте го синот, војната, смртта или старецот кој ја набљудува куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Музиката во поезијата Зошто би се компонирала музиката, доколку она што го соопштува нотата може да го соопшти зборот?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Уште колку коинциденции ќе доживеам денес, секавично, во себе помисли господинот Гроздановски и со мислите се врати на податокот за кучето што му го соопшти младиот колега.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Дури во еден момент се посомневав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А еве, сега, наеднаш, ми дојде да ви го соопштам тоа, професоре Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мртвите ја немаат среќата да решаваат проблеми, а уште помалку да исполнуваат желби“ ме сепна предупредувањето изречено лично од мајка ми некогаш одамна, веројатно со единствена цел да ме ослободи од збунувачките пораки, што можеби ќе се обидат да ми ги наметнат лековерните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А требаше всушност да знае дека ја казнувам нејзината неспремност да го дообјаснува она што неочекувано ќе го соопшти.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема потреба никој да не потсетува кога е утро, или дека дошло време за ручек.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност помислив дали воопшто е упатно водењето такви разговори и тоа кришум од другите кога сум речиси сигурен дека секој момент се повеќе се зголемува раздалеченоста помеѓу неа и мене?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни телалите од долните села повеќе не одат средсело за да им го соопштат на луѓето она што самото по себеси се подразбира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем тоа не значи дека зборовите и расудувањата на нашите мртви се преселуваат во нас?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку обично беше решението што го донесов, а толку грдо ми се чинеше кога требаше да и го соопштам, иако знаев дека таа нема да го слушне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кутрата, не знаеше дека така се однесувавме и со нашите професори во училиштето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бато тоа го соопшти едноставно и нежно, без пакост, без фалење, и јас бев сигурен дека, ако не го вардам кучето, тој тоа и ќе го направи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еден од нив забележал дека месото на граматикот сосема се распаднало, а очите му биле сѐ уште ведри и полни светлозрачен лач, како да видел откровение божје, а не успеал да го соопшти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И рече дека денес, откако јас сум се опијанил, ѝ пришол Фискултурецот и ѝ рекол да појде со него до Велес, оти по пат треба да ѝ го соопшти решението на централниот комитет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа продолжуваше натаму: кога ѝ го соопштил тоа, таа почнала да плаче.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А, тоа што го знаеше умееше да го соопшти на милозвучен, елегантен и занесен начин...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На мојот драг пријател ова не можев да му го соопштам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оние двете таму без сомнение зборуваа нешто за него. Што ќе се случи сега? Можеби сѐ е веќе готово!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Клотилдина, сета возбудена, се стрча кај мајка си да ѝ го соопшти своето големо откритие. – Се вљубил во Маргерита! Во Маргерита Маши! Се вљубил!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Барбут –бег разочарано рече: - Сите наши муштерии се исти. Сѐ некакви копуци. А овој згора и бос.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И другиот, десно од него, ми го соопшти името: - Јас сум Барбут- бег, негов ортак.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Предлогот за таа игра на Андон му го соопшти Лилица, нагласувајќи му дека тој доаѓа од Азра и дека таа гори за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По богослужбата тоа им го соопшти на собраните во црквичето и продолжија со молитва - милите живи да им се вратат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога Гаврил ни го соопшти неговиот план за патување во Порто Рико, веднаш тоа ми асоцираше на една песна што ја имам слушнато во младоста "ај, ај, ај, јај, Puerto Rico"...
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
— Море ами, бацко Стале, ако се лути, ете а, нека му е алав и од мене и од господ, — изусти Трна една неделина кога Стале и го соопшти „лутењето“ на сајбијата и длабоко се издиши: — Нека ми е живо пиленцето, та лесно ќе си го израна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Им пристапија гласници на сите бегови што не беа во Прилеп и Скопје, на тие што беа тука усно им го соопштија денот на тргањето уште пред цел месец и сите се зафатија здраво на работа, бидејќи така им пиша самиот калиф Сулејман.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Денот на тргнувањето ќе ви го соопштам јас – рече беглер-бегот и им се обрна на аџиите. – А вие, Аџи-Јане и Аџи-Рампо ќе гледате да разберете каде ќе биде поголема нивната сила да можеме и ние со поголема таму да удриме – а кон беговите се обрна со последната заповед: – Гответе се ефендилер, да не се посрамотиме и овој сефер како досега, зашто за нас веќе нема место во царштината на големиот Падишах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дали тоа значи дека книжевното дело вреди според моќта, капацитетот да го соопшти ова реорганизирање на светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако Едо се напинаше, ништо не можеше да чуе, се чувствуваше како да гледа нем филм од кој ќе може да го разбере само она што евентуално ќе му го соопшти подвижната слика што изгледаше толку многу успорена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јагулче, потем одважно се упати кон телефонот на вртење што го носеше првиот човек од безбедноста, за да го соопшти во градот одложувањето на седницата до утрешниот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
(Мислам оти на ова место треба да истакнам дека во принцип подобро владеам со она што сакам да го искажам одошто со она што евентуално ќе го соопштам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најдов за потребно овој свој горкчлив впечаток и да ѝ го соопштам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Очекував да го соопшти и она познато обвинение, до кое тој многу држи: дека никогаш не сум се соживувал со страдањата на несреќните поединци, и дека за жал не сум ја разбрал додавката: "на заслужните и кога ќе згрешат не свртувај им го грбот". (Сакам веднаш да додадам дека изгледот на Привидот при секоја нова средба е сè понестварен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во еден момент ја забележав дури и неговата сенка како се протега низ отворениот прозорец за да го премести од мојот поглед преостанатиот дел од тврдината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или ако знаела нешто што тие не го знаат, била должна да им го соопшти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И за да го потврди она што го бев помислил, тој не пропушти да го соопшти и предупредувањето: -За жал речиси е сигурно дека патувањето кон Рајот се соочува со многу незгоди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем доктор Пачев најде за потребно да ми го соопшти ваквиот свој суд уште при првото разгледување на овие мои забелешки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира посакав уште веднаш ова мое откритие да му го соопштам на иследникот Роман Гигов Грофот, но тој, задоволен дека успеал да ме предизвика, изигруваше некоја чудна неприсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова, дека станува збор за казна, Катерина ми го соопшти дури кога ги внесовме двата стола во собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова Јана го соопшти како поплака.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, за да го изразам своето неслагање, иако со послаб глас го соопштив она што морав да го речам: - А јас сум сигурен, драга Катерино, дека можам да сакам и со празен стомав - реков изненаден и самиот од точноста на одвај изговорените зборови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе платиш едно пиво - го соопшти тој својот услов, но дури откако бев седнал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој не можеше да сфати дека дури подоцна ќе биде разработено и дооформено четивото кое ќе послужи како материјал за откривање на вистината и како лектира во натамошните стручни расправи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и не стигнавме крајот да го соопштиме на свој јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Меѓутоа, овие соопштенија не значат дека антихрватскиот став на владата и организацијата на Михаиловиќ престанаа да постојат.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Живко Топаловиќ, поранешен социјалист и сега политички советник на Михаиловиќ, го соопшти поддржувањето на Михаиловиќ на идејата за федерализам.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој момент, единственото на што мислев беше: како сето тоа ќе го соопштам дома и каква казна ќе добијам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На масата ме чекаше вообичаено писменце, како што секогаш правиме кога некој ќе излезе, а претходно не го соопштил тоа: „Ние, со татко ти, отидовме во Драмски, а потоа најверојатно ќе седнеме кај Крап во кафеаната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немој да нè чекаш, ќе се задржиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во нејзината насмевка тогаш ми се виде дека има нешто што таа одвај чека да ми го соопшти, ама се воздржува оти смета дека не е сè уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По половина час беќе се најдов кај неа дома, љубопитна да го чујам важното, зашто Лета одби да ми го соопшти на телефон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа мисла ме направи да летам од радост, небаре конечно сум дознала за која среда станува збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, па види, сега не знам од кај да почнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пак ѝ се случило нешто чудно на Билјана и брза да ми го соопшти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)