го (зам.) - содржи (гл.)

Ако кај повисокиот суд, во постапката по правниот лек, одлуката е донесена едногласно – нема да се состави записник, туку на оригиналот на одлуката ќе се состави забелешка за советувањето и гласањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот жалба, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните – што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на владеење на правото, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Записникот за советувањето и гласањето го содржи текот на гласањето и одлуката што е донесена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, кога станува збор за заштита на права пред суд, во нашиот правен систем постапката не се поведува со жалба, туку со тужба – согласно ЗПП (2005).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Татко ми како да го насетуваше прашањето што сакаше да му го постави Чанга: – Длабоко, дури во дното на нашето сеќавање, постојат заборавени, изгубени празници кои го содржат и нашето создавање, обликувањето на нашата заедничка среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, тоа беше тој збор што требаше да го запаметам, што беше важен, збор што го содржи клучот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сепак, не би можеле да речеме дека мејл-артот значи весело чекорење наоколу со извадена „уметничка“ утроба; тоа може да биде опасност - тнр. „естетска промискуитетност“ - но од неа ионака боледуваат голем број уметници, без разлика дали се мејл-уметници или не; штосот е токму да се демистифицира уметноста, да се направи полична, подиректна, но сепак притоа задржувајќи одредена барем иронична нота на официелност; тоа и секое писмо делумно го содржи, веројатно тоа сте го почув­ствувале, таа „званичност”, таа стегнатост и тој објавувачки тон (колку и да е писмото интимно!), и тоа е уште една од тајните моќи на мејл-артот, парадоксот на едновременото демистифицирање и мистифицирање на уметноста, но сепак со акцент на она првото, бидејќи тоа е трендот на овој век, почнувајќи од Дишан.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Велам избори, бидејќи идентитетот за мене не е нешто што се има, нешто што се добива, како националниот идентитет, со раѓање, со просто опстојување во некоја средина, не е ниту припадност на некој општествен слој, слојот на интелектуалците, на пример, туку го содржи тој момент на слобода.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сложената динамика на простите системи Сите овие осцилирачки системи стануваат хаотични поради тоа што го содржат елементот на „фидбек“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога 1962. бев во Јапонија, јошиаки Тоно ме замоли да напишам текст за часописот Мизуе, месечник за убава уметност (септември, 1963), кој требаше да го содржи вториот дел од уводот во методите на Марсел Дишан.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс сакаше да ја пренесува енергијата, силата, моќта, вистинската моќ на уметноста, којашто е универзална и космичка, којашто е поврзана со еволуцијата на природата и човечкиот вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По завршувањето на војната тој се враќа таму и го обновува односот со своите родители кој, како што и тој самиот вели, “не би можело да се окарактеризира како посебно близок.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дишанови и јас често бевме повикувани на исти приеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со ваков став чувствував обврска, од почитување, да се држам подалеку од него, иако го запознав во почетокот на 40-те, а кон крајот на истите напишав музика за неговата секвенца во филмот на Ханс Рихтер “Соништа кои не можат да се купат со пари”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа се содржи неговата комплексност: неговата револуционерност и физичка поврзаност со иднината. превод: Будимка Поповска извор: Flash Art, Март-Април 94. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 93 Доналд Куспит Телото на уметникот Во Lebenslauf Werklauf Јозеф Бојс наведува две “изложби” кои во своите наслови го содржат, како во едноставно концептуално семе, сето она што подоцна ќе се случува вонеговата идна уметност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кадилакот означува и каза калауз - клуч кој отвара секакви брави катл-фермен - наредба за нечие погубување Коран и Куран - религиозна книга која го содржи верското учење на Мухамед, основен извор на исламот и на исламските закони, муслиманско Свето писмо курбан - жртва курназ - итар, дрзок, надуен куртул - спас
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Оттаму доаѓа до спротивставени спојувања, како, на пример, земањето на англискиот пејсаж како едно мошне лирично место, но кое истотака го содржи и човечкото тело кое мора да се движи и реагира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ми тврдеше дека првиот ред од секое сочинение го содржи во себе сето она што потем се преподава во него, како зрното пченица што во себе го содржи целиот подоцнежен клас, зрната многубројни, целата нива род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Треба да ве предупредиме дека нашата уредувачка политика не го содржи концептот дека сидата е чудесна можност за учење и дека е духовен дар од небеса.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Звукот се одбива од нејзината внатрешност, а преку воздухот што таа го содржи, тој тапо се одбива и се пренесува низ неа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Постојат два реда што го содржат ова согледување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Внатрешните односи во заедницата на оние што сакаат се посредувани со омразата кон “заедницата” на сите оние што во неа не се вклучени; припадноста на некоја култура го содржи никулецот на негативниот култ - омразата кон сите што се туѓи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе се задржам на ова пред да се вратам на Борхес како човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едниот тој вели: „Јас сум оној кој среде ноќта брои слогови, а во другиот зборува за себе како за “човек што мавта со единаесетерец“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Припадност кон Западот омраза кон Истокот, припадност на белата раса омраза кон 'небелците', припадност на ариевската раса антисемитизам, припадност на левицата омраза кон десницата, следење на еден maître â penser или гуру негирање на другите, и конечно, колнење во еден бог нетрпеливост кон сите што не го признаваат за свој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поезијата - и литературата впрочем - така се разбираат не толку како средства да се изразат искуства, туку како занаетчиски творби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Верите, иако инспирирани од екуменски дух, се секогаш партикуларни; боговите на историските религии како нормативен извор на морални судови не се носители на универзалното.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу романи го содржат “дом” во својот наслов: “Куќа на смеата”, “Проблемите на една куќа”..., но ниту еден не е толку исполнет со емоции како насловот што Suzan Cheeve ѝ го даде на својата книга мемоари “Дом пред мрак”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во една друга прилика покажав дека овие гробишта мажјачки се всушност свадбената ложница на Еросот/Ерген - грчкиот корен на зборот “cemetery” (koimeterion) го содржи амбивалентното значење и на гробишта и на свадбена ложница. калапи Во секојдневниот говор (а не само кај сексуално опседнатите личности какви што сме вие и јас), креветот предизвикува сексуални асоцијации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога Duchamp врз својата глава (алхемиски сад) оформува ѕвезда како симбол на coniunctio oppositorum, тој сликовито го изразува она што Герхард Дорн веќе го сфатил - имено, дека вештината “не може да се разбере со голо око, туку исклучиво со умот.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Алхемискиот симболизам на ѕвездата на восхитувачки начин го содржи многустраниот и драматичен сценариј на свадбеното соединување на Невестата и Ергенот кое се случува во и врз Duchamp-овата глава - за да, за него, живее во духот, додека нам ни останува да гледаме и да разбереме дали е вистина дека “набљудувачите ја создаваат сликата”. L. H. O. O. Q.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зборот Marchand (трговец) го содржи и поимот за тргување (commercium).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според тоа, тој збор восхитувачки го сублимира и овој аспект од активноста на Duchamp.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Трите псевдоними што Duchamp ги избра за себе, се појавија еден по друг во куси растојанија: Rrose Selavy 1920, Belle Haleine 1921, а Марцханд ду Сел 1922.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На овие псевдоними непосредно им претходеа и на некој начин им го подготвија патот трите алегорични портрети; Apolinere Enameled настанал 1916-17, а Tonzura и L. H. O. O. Q. 1919, една година пред Rrose Selavy. Tonzura Потполното алхемиско значење на Belle Haleine го содржи една друга фотографија на главата на Duchamp, направена две години порано.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
97 Деветте Деветте мажјачки калапи (кои ги персонифицираат Еросот/Ергенот) се наоѓаат, како што Duchamp тоа го нарече, на Гробиштата на Униформи и Ливреи (анг., Cemetery of Uniforms and Liveries).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Каков е тој “јазик” што го содржи и менталниот и физичкиот свет?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На повик на Франц Марк 1913 настапува на изложбата на „Синиот јавач” во Берлин. 1914 подготвува модели на возови за индустриско производство на играчки. 1918 ги прави првите дрворези, се запознава со Валтер Гропиус и станува прв учител во новиот Баухаус; првиот манифест на школата Баухаус го содржи неговиот дрворез Катедрала на социјализмот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Колку загубено време можеше да се надомести во откривањето на вистинските зборови кои можеби и го содржеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше тоа половина страница искината од „Тајмс“ од пред приближно десет години - горната половина од страницата, така што го содржеше и датумот - и со фотографија на делегатите на некаков партиски собир во Њујорк.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Концептот на Чудна Јамка имплицитно го содржи концептот на бесконечното, зашто што друго може да биде една јамка освен репрезентација на бесконечен процес на конечен начин?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
4 Што се однесува до овластувањата на претставниците за безбедност и здравје при работа, новиот закон не го содржи, односно со донесувањето на новиот закон е укинато правото на претставниците на вработените надлежни за безбедност при работа да побараат прекин на работата на одделно работно место или на цел технолошки процес доколку работодавецот не преземе мерки за отстранување на дефекти и други недостатоци и појави кои непосредно ја загрозуваат безбедноста при работата (чл. 44, ЗЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, новиот закон, покрај тоа што го задржува правото на работникот да одбие извршување на работа, ако биде изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, го содржи и правото така да постапи и во случај претходно да не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (чл. 45, ЗЗР и чл. 39, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Судот оправдано образложи дека самото постоење на зборот „жалба“, во оспорениот член, создава правна несигурност кај граѓаните што, пак, е спротивно на уставно постулираното начело на „владеење на правото“, коешто во себе го содржи начелото на законитост.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во новонастанатата ситуација, основна музичка категорија станува времето, односно траењето и тоа во моментот кога Кејџ, на трагата на Сати и Веберн, во тишината, порано разбирана како целосен музички негативум, открива нова, недвосмислено позитивна димензија на звучност; неговото често наведувано доживување во глувата соба на Харвардскиот универзитет(каде, и покрај апсолутната технолошка тишина, се слушаат два звука, еден висок и еден длабок: работата на нервниот систем и циркулацијата на крвта) го содржи клучот за разбирање на неговиот новововеден концепт во музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа е гајба со забранети јаболки; ливада за пасење стадо мисли; речник што не го содржи зборот „диета“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)