го (зам.) - снемува (гл.)

Кметскиот го снемува. „Малку е слабичок...“ Ке се здебелам, помислува Кочо неволно, и после горко сам си се насмева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го снемува ветерот, пред нив нешто го рине снегот и прави широка сува партина..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога го снемува пукањето, со лаење се растчува по рововите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Едните ликуваа, другите со последниот истрел се бранеа, а кога го снемува и последниот куршум, тогаш и во рацете на девојките-борци болснува ножот, камата, штикот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потсвесно барав трнливи причини за да ја изневерам среќата, која или не ја заслужував или знаев дека не можам да ја достигнам (а и сенсот за тоа што навистина е среќа полека го снемуваше при помислата на индигнацијата кај луѓето, утилитарноста, хегемонизмот, ужасот и теророт во светов во кои сите ние преживуваме и меѓу себе се јадеме).
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Наоѓаме дилер, но тој веќе ја потрошил целата роба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ни ја покажува празната торба, се кикоти и го снемува лизгајќи се по зидот на кој се потпираше.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Утеха? Умираш - значи си постоел, исто како и еден цел свет кој со тебе го снемува.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мане полека го снемува под водата. Мане! Мане!!
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Со олеснување почувствува како стравот, настеган во неговата душа, пука како пренадуен балон и остава непријатен звук и зуење во ушите, а потоа го снемува како никогаш и да не постоел.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Го снемува меѓу дрвјата. Го слушам брмчењето на моторот додека и тоа не престанува.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Сега можеш уште миг два да го гледаш низ задното стакло, а потоа го снемува зад некое ритче или дрво. За некои работи дури и мачно ни е.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа е дијалект што све мање се збори, полека изумира и го снемува од скопските улици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во едно само не сум сигурен: кого најпрвин го снемува, рамката или објектот сместен во неа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ваквото играње [активни/пасивни] улоги, како строга разграниченост, изгледа сè повеќе го снемува“, додаваа, уверувајќи си ги читателите дека денеска „повеќето геј-мажи би го отфрлиле“ таквото играње улоги „како ’застарено’ и ’неослободено’“.68 ‌Само осум години порано, во 1969 година, Вајт беше на една многу поинаква линија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе ја има седнато својата голема снага, петелот уште лета како да е птица, ама в миг нешто огромно и црно и дрангорливо му го пресекува патот и него го снемува од светлината.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Држејќи се за мевот, вјасаница потскокнува и го снемува во бараката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сум читал или сум слушал некаде дека онаму кај што молчат гробовите, го снемува животот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа чувство дека селото се пусти и го снемува секој, помалку или повеќе, го имаше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Црни облачишта како јата гарвани се лизгаат над езеро, водата под него потемнува, езерото го снемува од црнила.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сега можеш уште миг два да го гледаш низ задното стакло, а потоа го снемува зад некое ритче или дрво.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И, часот, почна да чади и да присмрдува, да се топи и да го снемува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се смалува и го снемува. Гледам јас по него и си мислам: овдека нешто не е чисто. Со отсуството негово.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)