Добро, најпосле си рекол судијата и го скроил планот. „Вака ќе направиме“, рекол.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Ти го скрои крајот, јас само ја ставив точката.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Шивачката најнапред ќе го скрои и сошие фустанот, па потоа го обликува и дотерува, му става штепови, џебови, патенти, копчиња.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Скопскиот беглер-бег и прилепскиот кадија го скроија планот да ги нападнат бунтовниците на големиот христијански празник Велигден, кој таа година беше доста ран – уште на 26 март.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
- Кој ли му го скроил тоа? ... Учиелот со глава нѐ покажа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На тоа твое тело и од вреќа да го скроиш добро ќе изгледа, - дрдореше Роска.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)