Го свиреа „Тешкото“. Таков е обичајот кога се испраќаат печалбари.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Концертот почна, ме обзедоа пријатни чувства од музиката. Бах, си- помислив. Да тој го свиреше Бах.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
И тогај, под нејзините веќе одвикнати раце - но јас уште не сакам да го откријам името на делото што го свиреше, тоа е сѐ уште нејзина и моја заедничка тајна...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Смири го, синко, радиото, замоли, јас не знам да ти појаснам зошто ама секогаш кога го свират Тешкото Татко ти излегува од фотографијата И со црвена шамија во рацете Заигрува и скока та се затресува куќата, - чиниш се урива чардакот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Чукнете го тешкото!... Тешкото!... (На даден знак со шамијата, свирачите почнуваат да го свират бавниот ритам на тешкото македонско оро.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Јас ќе одам на далеку, еј моме.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
На имениот ден на грчкиот крал, на 6 мај, тогаш кога во битолските улици се колело невино христијанско население, во Атина Атинскиот универзитет приредил банкет, на кој музиката го свирела маршот „Хамидие“, кој бил ислушан на нозе и бил проследен со „Да живее султанот!“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И ми здосадува тоа што Африка е сето она што оркестарот постојано го свири едното класичната музика не е. исто нешто.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Уште пред да седне, пред меко да ги спои прстот и типката во првиот тон, знаеше дека ќе го свири тој концерт.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
СТЕВО: На пример ова што вие го свиревте. САРА: Тоа беше Шопен. СТЕВО: Слично на Бетовен.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Јакне мането на песната. На лицето рабинот чувствува навев на топол морски ветар.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не само за самовилите, не само за вештерките што го свиреа “Лебедово Езеро“.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)