Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Седнувајќи на креветот од Димостена таа си даде задача прво да не го одложува писмото до Чана во врска со смртта на дедо Костадин, а исто така, одоколу, да ѝ стави на знание дека можеби и таа ќе го раѓа црното семе што е судбина на македонската жена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Го придружува, се врзува за него и така обично го раѓа знајното, како едно од многуте чеда на вистината.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Едното слегување од авионот и легнала да го раѓа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш како сонцето да го раѓаше својот син единец! Се создало светлина...
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)