Експлозијата го распарчува детето во мисла а тоа во неа, закачено за модра брадавица.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Но најдобро би било сите ќерки да се сложни и да не дозволат да се расправаат преку судови и да го распарчуваат брегот, туку сè да си остане вака како што е сега, да не ми задаваат мене болки и по смртта...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го земам бријачот в раце и го распарчувам уште и лешот, за да ја пронајдам душата, но не ја пронаоѓам.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И потем, гатачот симболички го распарчува телото на мртвиот бабар, и тие делови стануваат предмети за секојдневна употреба (каква прекрасна прагматичка симболика, толку карактеристична за мојот народ); тоа всушност, е и кулминација на скаредната вербализација во обредот: „Овие не се мустаќи, ова е сунѓер за газот бришење; ова не е алатот, ова е џезве за кафе да си варат жените; овие не се очи, овие се ламби за да не одат жените на мочање по темница; ова не е глава, ова е шутка, во неа да се мочат и серит домаќинот и домаќинката, сега е зимно време, мрсно се јадит, дрско се серит.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)