- Еве, за пример - не отстапуваше баба - го пулиш даскалот?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од хотелската тераса во Охрид сега го пулат езерото неоти во неговите бранови или можеби во ближните егејски бури ќе најдат некоја капка од тајната за смртта на Моцарт, а можеби би одиграле и една партија билијар со пластичните бови во сите бои наредени на езерската плажа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ги гледав јаболката, го пулев и јаболкарот: вистинољубив, секогаш гордо исправен иако со многу горчина на плеќи - колку гризнувања на јаболката толку горчини на плеќи, колку горчини на плеќи толку поблаги јаболка и троа повеќе препознавања на стари и нови преправања.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Јас, велел, ки си ом су пуследниот Егеец шо ки киниса уд тука, а уд друга страна и не знаел дали ки си дое, пред да го постели зимата своето бело веленце тој, мори мајко, си нашол лепо место, височко, исцедно, уд там можел да го пули цалото поле, ако ми се заарни уд тука не са пумрднувам!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Позицијата, лево од тука, ритчето што го пулиш - осумнаесет старци го држат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Го пулиш и тој процепот, така како да е планината скршена? - Го пула, па што? - И тој се гледа од нашето село.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)