Курта го зема бокалот со кокошја крв. Доаѓа до Кртот. Го прска со крвта.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Кртовица се залепува до него. Се движат во ритамот на тапанот.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
И радувајќи му се на дрвцето, секој сакаше да го допре, да го пофати, да му тури вода, да му стави храна, да го негува, да го прска и штити од болести и штеточини.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Во прво време ќе го чистиш дуќанот, во летните денови ќе го прскаш сокакот пред дуќанот и ќе го метеш, ќе носиш вода од блиската Капан-чешма, ќе носиш разни работи дома, за ручек ќе донесуваш јадење од дома.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Настана турканица додека сите петмина не си ги обувме чевлите и потоа не ги наредивме влечките во редица.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Тетка ми срипа како попарена и небаре од воздух одеднаш во рацете ѝ се создаде крпа и средство за чистење, кое почна да го прска на шанкот и енергично да го трие.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Околу него фрчеа куршумите, по лицето го прскаше земја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Го гледам и се крстам над човекот: ќе му избега душата, ќе му прејде некаде. Го натураме вода, го прскаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Крвта му шикаше од грлото, кркореше и го прскаше камен - темелникот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)