Но по капитулацијата на Бугарија, дистрибуцијата на жито и други намирници била можна од долините кон планините.161 По формирањето на Четвртата македоска народноослободителна бригада на Лисец на планината Плачковица на 24 јули 1944 година на 5 август истата заминала со мисијата Abbeville за да воспостави контакт со еден одред во областа Плачковица и да го прошири НОД во тој дел од источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Новоговорот беше замислен не за да го прошири, туку за да го стесни опфатот на мислата и на оваа цел индиректно и се служеше на тој начин што се намалуваше изборот на зборовите на минимум.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ернст Роберт Курциус историски го прошири поимот маниризам со кој Вазари во 16-иот век го означи уметничкото изразување на доцниот Микеланџело (maniera) поради отстапувањата од класичните сфаќања за хармонија.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Танаил, кој беше каменоделкач, го прошири својот каменолом над селото што го наследи од татка си и вадеше камења за обработување.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Своето корито ќе го прошири толку многу што ни човечката рака нема да може да го собере.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Неговата рака остана на нејзиното лице додека тој го продолжи и го прошири бакнежот од нејзините усни во нејзината уста.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Таа борба бугарската буржоазија ја искористила за да го прошири своето влијание во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Благодарејќи на брзото реагирање на МРО и сфаќањето на добар дел од заблуденото население дека е изиграно, врховистите не успеале да го прошират пожарот на поголеми пространства.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
53. Обидот на братството да го прошири своето влијание во Македонија не ги дало очекуваните резултати.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
По извесно време кога му окотија седум мачиња, го прошири кафезот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Според документацијата на Стејт департментот, легациите на САД на Балканот известувале за македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Две години подоцна, Артур Блис Лејн, амбасадор во Југославија (1937-1941), ги посочил германските намери да го прошири незадоволството во Македонија и предупредил дека комунистите исто така шират пропаганда и се обидуваат да го одржат „котелот на проблеми да врие“ колку што е можно повеќе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И видикот го проширив за и другите да видат дека не може така лесно од небидници – да бидат!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ние претставништвото не го проширивме. Шест месеци стоевме во место, а имавме конкретни директиви. Потребни се 400 нови квадрати.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Султаните се стремеа секој по малку да го прошири со завладување на нови земји, а султанот Сулејман реши целиот тогаш познат свет да го завладее и да им ја натури Мухамедовата вера на покорените народи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Додека Законот од 1997 година пропишуваше дека само оние вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност кои остваруваат приход во семејството кој просечно месечно е пови- сок од просечната месечна нето плата по работник во нестопанството во последните три месеци нема да можат да се водат како невработени, Законот за изменување и дополнување од 2004 година тоа го прошири на сите вршители на земјоделска, сточарска или друга дејност (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Деконструкцијата е замислена како позитивна сила што го проширува телото на јазикот не само во симболичка смисла, туку исто така и во физичка смисла.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со пречекорување на границите на јазикот цел, со трансформирање на оригиналниот текст од изворниот јазик, преведувачот го проширува, го зголемува, му овозможува растеж на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И ете, обајцата ги зближи и им го прошири пријателството, заедничкиот култ кон јагулите и нивниот кружен пат околу планетата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Многумина автори нагласуваат дека телефонот е првата ВР машина, бидејќи можете да зборувате со некого без да го гледате, но, и тоа е уште поважно - а важи и за компјутерот - и затоа што го проширува домот. Avital Ronell во нејзината Telephone Book прашува: “Кога телефонот стана она што е?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не смее никако да се заобиколи, особено со тоа што го проширува поимот на сатирата со поимот на литературна травестија и делумно, пародија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Се сретнува во: повеќе современи руски антологии, различни весници и списанија, во изборот на “Кратка руска алтернативна проза” што се појави минатата година во издание на “Темплум”...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)