И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со погледи го прошетаа местото над патот сѐ до сртот горе на планината, но ништо не се гледаше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Јас пола свет бос го прошетав да ми светне троа.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
„Се токмев многупати да го прошетам Блатието”, рече наеднаш бегот, „да ги видам тие благи ритчиња што се спуштаат во широкото, рамно поле.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Што имаше облечено, старите фармерки или се дотера?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Со Бак отидоа, да го прошета – одговорив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Утрото станале и го зел Силјана Аџи кљак-кљак, та го прошетал низ неговото гратче и го однесол кај двата извора, што се правеа штркови и човеци.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Оделе само во викендите да го посетат, да го прошетаат. И толку...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Но, Карл веќе имаше десет месеци, а Хелвиг ниту еднаш не беше предложил да го прошетаат заедно, со прекрасната количка што му ја беше купил.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Баба Петра го одврзува испотениот коњ, со ’рженица го забришува, па ѝ вели на Ѕвезда да го прошета.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Внимателно се измолкнува од постелата, го потсобира веленцето околу дечињата да не побегне топлината од нејзиното тело и оти во ќумбенцето нема ни спуза а ни потпала околу него, таа ова утро прва го прошетува своето големо тело до алето крај телот и до купот отпад од задната страна зградата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Откако ќе го прошетам целиот свет, откако ќе ги запознаам сите непознати, ќе можам да се уверам во тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Моторџија ти ќе бидеш, Давид внучко мој, светот ќе го прошеташ светот ќе е твој!!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)