го (зам.) - прочисти (гл.)

Сите кимаат со главата, го прочистуваат грлото, нервозно правејќи мали движења со рацете како да сакаат да ја поттурнат вратата да се затвори.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Знаеја како да го видат патот на светлината, сами да си го прочистат и отворат доколку е тој затворен.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Често гладуваше, жеднееше, а и кога имаше да јаде и да пие, постеше за да го прочисти умот преку чистење на телото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Задачата на поетите е тој национален гениј да го одбранат од суптилното продирање на странските идеи, да го прочистат јазикот заменувајќи ги германските зборови со латинско потекло со други, чисто германски изрази, да ја откопаат затрупаната ризница со народни песни и, на крајот, во својата поетска работа, да тргнат по примерот на фолклорот, таа состојба на свежина, невиност и совршенство каде што индивидуалитетот на народот е сѐ уште неосквернат со било какви допири и се манифестира со едногласие.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бараме супер херој. Ноќе со плашт темен, наутро без маска, воздухот да го прочисти од реа, од болест и од смрад, од оваа земја. Од секој град...па и село...заразено...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)